Број 3456  вторник, 14 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Свет

Почеток на крајот на Силвио Берлускони?

Утре се одлучува за судбината на Силвио Берлускони во Претставничкиот дом и во Сенатот

РИМ - Италијанскиот весник „Ил месаџеро“ моментално објавува рекламна кампања со следниов подбивен наслов: „Рим гори. Нерон: Јас немам ништо со тоа“. Веднаш до насловот стои „фотографија“ на Рим во оган. Изгледа многу автентична целта на весникот да покаже како настаните од минатото би можеле да изгледаат ако биле покривани од денешните весници. Меѓутоа, промената на името од она на римскиот император во Силвио Берлускони би можело да послужи како корисен опис на она што се случува денес во Италија.

Во центарот на сегашната политика е премиерот, кој како и Нерон тврди дека не направил ништо лошо. Меѓутоа, исто како и Нерон, и Берлускони би можел да се соочи со преран крај. Тоа е така, бидејќи ќе се одлучува за неговата судбина со гласање доверба во Горниот и во Долниот дом на италијанскиот парламент, Претставничкиот дом и Сенатот. Ако му биде изгласана недоверба на 14 декември, тоа би можело да биде збогум витезу („витез“ е името со кое некои му се обраќаат на Берлускони).

Берлускони вчера во обраќање до пратениците на Сенатот изјави дека на Италија и' е потребен континуитет, отфрлајќи ја идејата за техничка влада, која би ја водела државата до вонредните парламентарни избори. Во обраќањето, Берлускони рече дека „лудата политика би отворила мрачна криза“. Гротескно би било со заеднички гласови на опозицијата и позицијата да се формира техничка влада, потенцира Берлускони, и ги повика пратениците на некогашниот сојузник Џанфранко Фини да „не фрлаат под нога она што со години заеднички создавале“. 

Берлускони има мнозинство во Сенатот, но ситуацијата може да биде неизвесна во Долниот дом на парламентот каде што сега премиерот го поддржуваат 314 пратеници, а против се 313, а двајца пратеници не се изјаснија како ќе гласаат.

Претходно работите се одвиваа доста добро за премиерот.

Тешко е да се избере еден настан, еден инцидент, кој доведе до овој момент, а ги имаше премногу. Меѓутоа, за волја на вистината, дозволете ни да го посочиме 28 април 2009 година. Тоа беше денот кога отуѓената сопруга на Берлускони, Вероника Ларио, напиша отворено писмо до светот, жалејќи се неговото однесување и ставот спрема девојки. „Тој се дружи со малолетници“, вели Ларио во една од своите најзапаметени зајадливи фрази. Постои голема можност историчарите да заклучат дека оттука почнуваат проблемите.

Дали причината беше коментарот за „тенот“ на американскиот претседател Барак Обама? Дали тоа беше исцрпувачката енергија посветена за реформи во правосудството, што без проблеми ги држи неговите случаи надвор од судот? Дали тоа беа Ноеми Летиција, Патрција Дадарио или Барбара Монреале, млади и не толку млади жени кои беа „забавувани“ од 74-годишниот милијардер и потоа завршија во весниците? Дали тоа беше неговиот неумесен обид да се потпре на италијанската полиција за да овозможи 17-годишната Мароканка, позната како Руби, да биде ослободена од притвор со тврдењето дека таа е внука на претседателот Хосни Мубарак од Египет? Дали тоа беше досетката дека „подобро е да се биде страстен кон убави жени отколку да се биде хомосексуалец“? Или, пак, тоа беше неговата надворешна политика, што ги стави односите со личности како што се либискиот лидер Моамер Гадафи и рускиот премиер Владимир Путин над оние со сојузниците на Италија во НАТО и во ЕУ? Дали тоа беше правецот што го постави, со малку или со ниеден главен закон донесен за да се решат хроничните проблеми на Италија со реформите во здравството, пензискиот систем и работните односи? Или, пак, тоа беше длабокото чувство за изгубена можност за време на неговиот трет мандат во власта?

За волја на вистината, имаше многу сугестивни информации што протекоа во последниве 18 месеци, бавно кородирајќи го авторитетот на Берлускони, угледот и кредибилитетот, дури и меѓу неговите се' повеќе заморени поддржувачи. Во изминатава недела бевме сведоци на тоа како американски дипломати, во доверливи депеши објавени од страна на „Викиликс“, не се срамеа многу да го кажат тоа. Берлускони, пишува во една порака, е „неодговорен, суетен и неспособен“. И тоа доаѓа од неговите „пријатели“.

Тоа е и причината зошто рејтингот му е намален на 30 проценти и зошто неговата позиција ќе биде загрозена во гласањето доверба закажана за следната недела. До ова е дојдено не поради некое новооткриено единство и цел од страна на централнолевичарската опозиција. Наместо тоа, ова е бидејќи членовите на неговата Партија на слободата стана презаситени од него. Предводени од едно време, неофашистот Џанфранко Фини, тие формираа сопствена партија Иднина и слобода и тоа го загрози премиерскиот мандат на Берлускони. Но, дали тие ќе го соборат Берлускони или дали тој ќе им дозволи да го соборат?

На пазарите за обврзници низ Европа се чувствува голема нервоза и Фини треба да направи многу тешка калкулација. Дали ќе продолжи со тргање на почвата под нозете на Берлускони, ризикувајќи да создаде хаос на пазарите и да ја втурне Италија во криза слична на онаа со која се соочија Грција и Ирска и со тоа да го заслужи епитетот предавник? И дали Берлускони има последен џокер во ракавот, кој ќе му помогне да го помине гласањето во Сенатот и потоа да отиде кај претседателот Џорџо Наполитано да поднесе оставка пред да гласа Претставничкиот дом? На тој начин тој би бил во можност да го убеди претседателот да му даде време да формира нова администрација. Ништо не може да му се измолкне од рацете на еден мајстор за преживување.

Помислете на каква била пермутација, и во кафулињата и баровите во Рим и подалеку за нив се дискутира до бесконечност од страна на експерти, анкетари и политичари што напредуваат во оваа опојна комбинација од шпекулации и калкулации.

Ништо досега не успеа да го оттргне овој неверојатен политички раководител од власта. Не се повлече кога беше удрен в лице со репликата од Миланската катедрала; ниту, пак, од понижувањето од отворените напади од страна на својата сопруга; ниту од колективната осуда од повеќето од светските медиуми; ниту од гафовите; ниту од тврдењата за корумпираност. Меѓутоа, едно обично гласање тоа би можело да го стори и како последица од тоа, на Берлускони ќе му треба повеќе од трик ако неговото здание се запали. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 536 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Хашим Тачи се прогласи за победник на изборите
Има ли место за џамија во Атина
Марин Ле Пен јавно против муслиманите
Кога ги снема минарињата
Асанж разочаран од Шведска
Потона брод во близина на Антарктикот
Букви и броеви во очите на Мона Лиза
Скотланд јард ги испитува „британските врски“
Напаѓачот во Стокхолм најави исламска држава
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency