Скотланд јард ги испитува „британските врски“
Британската полиција изврши претрес во една куќа во Лутон, североисточно од Лондон, во рамките на истрагата што се води во Шведска по двете експлозии во Стокхолм.
Претрес на куќата во Лутон е извршен затоа што во неа едно време живеел Тамур Абделвахид ал Вабали, за кого шведската полиција верува дека е извршител на првите терористички напади.
Скотланд јард потврди дека во претресот не се најдени никакви компромитирачки докази. (МИА)
|