Букви и броеви во очите на Мона Лиза
Историчарите открија букви и броеви насликани на очите на Мона Лиза. Членовите на Италијанскиот Национален Комитет за културно наследство велат дека броевите и буквите во очите може са се видат со зголемување на тој дел од сликата во висока резолуција-пишува Дејли мејл.
„Симболите не се видливи за голо око,но со под лупа јасно може да се видат“, вели Силвано Винчети,претседател на Комитетот.
„Во десното око може да се видат буквите Л и В ,односно иницијалите на Леонардо да Винчи, а значењето на симболите во левото око сеуште не е дефинирано. Многу е тешко да се видат овие симболи,но изгледа како да се буквите Ц и е,или буквата Б. Мора да имаме предвид дека сликата е стара речиси 500 години и не е толку јасна како кога била насликана. Во позадината има ште два симболи,тоа може да биде бројот 72 или буквата Л и бројот 2“.
Катализатот за откривањето на симболите е претходното откривање на книга стара 50 години во продавница за антиквитети.
„Ние сме на почеток од истрагата и се надеваме дека ќе откриеме повеќе детали за оваа мистерија што е можно побргу“, вели Винчети за Дејли мејл. |