Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Катанец: Од доаѓањето на Просинечки во Белград ќар ќе има целиот регион

„Ако сме нормални луѓе ова ќе го сфатиме како отворање ново поглавје на соработка“, вели бившиот селектор на Македонија

Веста за доаѓањето на Роберт Просинечки на клупата на Црвена звезда стигна до Обединетите Арапски Емирати. Среќко Катанец, бившиот селектор на Македонија, кој сега ја води репрезентацијата на една од најбогатите земји на Блискиот и Средниот исток, имаше можност во текот на кариерата да игра против Просинечки. Една година беа на противничките страни во големото дерби Партизан - Црвена звезда.

„Просинечки остави длабока трага во Звезда. Му честитам на одлуката да се проба во тренерската работа и му посакувам многу среќа. Тој не е само легенда на Црвена звезда, тој остави печат во секој тим што играше, па така и во Реал и во Барселона“, изјави Катанец од Дубаи.

„Во моментов соработката на Просинечки со црвено-белите нема поголемо значење. Клубот бараше тренер, Роби бараше работа. Се договорија и тоа е тоа. Е, сега, ако видиме дека Роби дојде во Звезда, а Лјупко Петровиќ замина во Локомотив Загреб, тогаш на подолги патеки може да зборуваме за некои ефекти. Мислам дека тоа ќе се случи, ама не веднаш. Времето ќе си го направи своето. Ќе се отвори ново поглавје на соработка и рушење на непотребните бариери. Ако сме нормални неговото доаѓање ќе го разбереме на тој начин, а ако не сме нормални тогаш никаква соработка не може да се оствари. А, не е ниту пожелна во такви услови“, смета Катанец, кој се подготвува со репрезентацијата за Азискиот куп, што стартува на 7 јануари во Катар.

За хулиганите од Џенова можна

е и затворска казна до 15 години



Обвинителството во Џенова побараа осумте српски навивачи уапсени по безредијата на квалификацискиот меч меѓу Србија и Италија да се судат по итна постапка, пренесуваат италијанските агенции. Судијата Маурицио де Матеис, одговорен за случајот, не кажа дали барањето ќе биде усвоено.

Четворица српски навивачи, меѓу кои и главниот хулиган Иван Богданов, се обвинети за низа кривични дела, вклучувајќи го уништувањето имот, нанесување повреди, давање отпор на службено лице, поседување и користење опасни предмети, и можат да бидат осудени и на казна затвор од три до 15 години.

Останатите четворица се обвинети за помалку сериозни прекршоци. Како што е познато, мечот беше прекинат по само шест минути игра, а беше регистриран од УЕФА со резултат 3:0 за Италија.

Договорот на салфета и денес

виси на ѕидот кај адвокатот на Меси



Аргентинскиот фудбалски генијалец уште како 13-годишник ги нижеше на теренот своите врсници. Меѓутоа каталонската гордост, каде што тренираше, не беше подготвена да му понуди долгорочна соработка. Пресвртот се случи во еден ресторан во кој таткото на Меси им се закани на челниците на Барселона дека ќе го фати првиот авион и ќе се врати во Аргентина.

Реакцијата на спортскиот директор Карлос Рексач беше брза и спонтана. Веднаш го повика едниот келнер и на салфета го состави договорот, кој и денес виси во канцеларијата на адвокатот на Меси. Колку тој потег бил исплатлив не треба да се зборува.

Сега веќе станува збор за најдобриот фудбалер во светот со кого Барса освои 12 титули, од кои четири во Примера и две во Лигата на шампиони.

Инаку, Меси деновиве гостуваше во Милано на вечерата на која домаќини беа Долче и Габана. Италијанските новинари не пропуштија шанса да го прашаат Меси дали може да се случи да ја напушти Барселона, па и да се пресели во Интер.

„Морати е одличен човек и навистина добар претседател. Но, верувајте ми, тоа не е причина да размислувам за трансфер во Интер“, им порача јасно Мес��.


#
Статијата е прочитана 1136 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
„Отвори вратата, е... мајката!“
Брајант лидер на Л.А. Лејкерс во покорувањето на Вашингтон
Македонија ја заврши годината на 76. место
Два пријателски меча со Грција
Светскиот првак Русија во аут
Парма со пресврт ја елиминира Фиорентина
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census