Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

„Отвори вратата, е... мајката!“

Симпатизер на ПАОК на македонски побара спас од возачот на запалениот автобус во Загреб

Видеоклип со случувањата во запалениот автобус со „пријатели на клубот ПАОК“ во Загреб, поставен на веб-страницата на хрватскиот дневен весник „Вечерњи лист“, предизвика внимание и во Македонија поради еден детаљ. Во општиот хаос и паниката предизвикана од уфрлените факели од домашните хулигани во автобусот што ги превезуваше симпатизерите на грчкиот клуб од аеродромот до градот во еден момент се слуша повик на македонски „Отвори вратата, е... мајката“ до возачот на автобусот. Обидувајќи се да спасат жива глава, преплашените патници скокаа и низ искршените прозорци, а врисоците и викотниците во целата мешаница го дополнуваат вознемирувачкиот впечаток од снименото.

„Возачот на автобусот се однесуваше како ништо да не се случува. Кога почнаа да фрлаат камења и факели на нас, а автобусот за миг се исполни со чад, го молевме возачот да ни отвори врата. Не сакаше. Молевме и да продолжи понатаму, но и тоа го одби, бидејќи на семафорот беше црвено!„ ги пренесува „Вечерњи лист“ изјавите на две 40-годишни жени од фамозниот автобус.

ПАОК и Динамо Загреб синоќа меѓусебе требаше да решат за патникот во следната фаза од ова натпреварување, па натпреварот побуди огромен интерес во двете земји, но, и во - Македонија. Во океанот од коментари што осамнаа вчера под текстовите на хрватските медиуми на Интернет за немилите настани во Загреб не е мал бројот и на такви од македонски читатели. По принципот „непријателот на мојот пријател е и мој непријател“, со очигледна алузија на грчките позиции за името на нивниот северен сосед, преовладува(ше) поддршката за Динамо и за неговите навивачи. Некои побараа од нив на трибините на стадионот „Максимир“ да истакнат и македонски обележја за време на натпреварот.

Тројца повредени гости од Грција во автобусот придружуван од полицијата завршија на Трауматолошката клиника, а седуммина од вкупно 40 патници одбиле лекарска помош. За нападот на автобусот приведени се десетина од околу 30 хулигани.

Како можна причина за нападот се наведува побратимувањето на навивачите на ПАОК со „Гробарите“ на Партизан. Со договорот меѓу двата клуба и УЕФА беше забрането водењето свои навивачи на оваа средба, но од ПАОК велат дека тие што дошле да ги бодрат се „угледни гости и „пријатели на клубот“.

Фудбалскиот клуб Динамо најостро го осуди насилството, нарекувајќи го „терористички чин насочен против Динамо, Загреб и Хрватска“.

„Се плашам дека, ако Динамо некогаш во иднина гостува во Солун, би можело да има и мртви во судирите меѓу навивачите“, изјави за „Вечерњи“ новинарот Ставрос Коликас од грчкиот весник „Екседра“. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 1828 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Катанец
Брајант лидер на Л.А. Лејкерс во покорувањето на Вашингтон
Македонија ја заврши годината на 76. место
Два пријателски меча со Грција
Светскиот првак Русија во аут
Парма со пресврт ја елиминира Фиорентина
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census