Два пријателски меча со Грција
Македонската репрезентација за фудбалери до 19 години ќе одигра два пријателски меча со соодветната селекција на Грција во периодот од 10 до 13 јануари догодина. Дуелите се закажани во рамки на подготовките за претстојниот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2011 што ќе се одржи во Романија.
Ова е првпат фудбалски селекции на Македонија и Грција да одиграат пријателски натпревар. Претходно се имаме пресметано, фудбалски, со нашиот јужен сосед, но во прашање беа квалификации. Националните состави на обете земји за фудбалери до 21 година се најдоа во иста група за ЕП 2011. Двата меча им припаднаа на Грците, во Триполис загубивме со 3:1, на „Младост“ во Струмица со 2:1. (С.Д.) |