Број 3458  четврток, 16 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Спорт

Светскиот првак Русија во аут

Четата на Трефилов изгуби од Шпанија со 30:22 и се прости од полуфиналето на ЕП во ракомет за жени

За селекцијата на светскиот шампион Русија заврши 9. Европско првенство во ракомет за жени во Данска и во Норвешка, барем што се однесува до пласманот во полуфиналето. Најдобриот тим на минатогодишниот мундијал во Кина изгуби во Хернинг со уверливи 30:22 од европскиот вицешампион Шпанија во второто коло од групата 1 од втората фаза. Пред натпреварот Русинките беа сведоци на победата на Романија над Црна Гора од 23:21, со што руските надежи за полуфиналето останаа живи. За нивното остварување беше потребно да се совладаат Шпанките и во последното коло Романките во директниот дуел за место во разигрувањето за медалите.

Но, избраничките на Хорхе Дуењас, кои немаа никакви шанси за полуфиналето, одиграа без притисок и за престиж. „Црвената фурија“ во таков стил и го почна мечот и по седум минути водеше со 7:0! Бесниот Трефилов побара тајм-аут, но тој немаше ефект, бидејќи противникот ја одржуваше разликата од седум кола до 26 мин., кога на семафорот стоеше 15:8. Русија ја намали негативата на 12:16 пред паузата, но во второто полувреме Шпанките стигнаа и до предност од осум погодока и го решија прашањето на победникот.

„Русија ќе се пласира на првенството на местото што го заслужи“, беше единственото што го прокоментира трофејниот Трефилов по средбата.

Благодарение на поразот на Хрватска од соорганизаторот Данска од 31:19, Данките и Романките и теоретски се полуфиналист, без оглед на резултатите од денешниот последен круг од втората фаза на шампионатот.

Наспроти групата 1, во групата 2 во Лилехамер никој не е сигурен, бидејќи дури пет репрезентации денеска ќе бидат во игра за двете места што водат во борбата за медалите.



ФРАНЦИЈА ЈА ЗАПРЕ ШВЕДСКА



Група 1, второ коло: Романија - Црна Гора 23:21, Шпанија - Русија 30:22, Данска - Хрватска 31:19. Табела: Данска 8, Романија 6, Црна Гора 4, Русија 2, Хрватска 2, Шпанија 2. Последно коло, денеска: Романија - Русија (16,45 ч.), Шпанија - Хрватска (18,45 ч.), Данска - Црна Гора (20,45 ч.).

Група 2, второ коло: Холандија - Унгарија 27:19, Шведска - Франција 21:22, Украина - Норвешка 19:32. Табела: Норвешка 6, Шведска 6, Холандија 4, Франција 4, Унгарија 4, Украина 0. Последно коло, синоќа: Украина - Франција, Шведска - Унгарија, Холандија - Норвешка.


#
Статијата е прочитана 480 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Катанец
„Отвори вратата, е... мајката!“
Брајант лидер на Л.А. Лејкерс во покорувањето на Вашингтон
Македонија ја заврши годината на 76. место
Два пријателски меча со Грција
Парма со пресврт ја елиминира Фиорентина
 

Kosovo election commission orders vote re-run
Moldovan PM hoping for quick end to coalition negotiations
Macedonia prepares for politically sensitive census