Број 3280  среда, 12 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Последен збор

Блажо Ристоманов 1921-2010, градител

Вчера во Скопје е погребан Блажо Ристоманов, првиот генерален директор на градежната компанија „Бетон“. На 90-годишна возраст почина оден од големите македонски градители. Со неговото име се поврзани капиталните објекти на Македонија како што се скопската Железарница, Рафинеријата, Градскиот трговски центар во Скопје, Градскиот стадион и многу други. Роден е во 1921 година во Струмица, а образованието го дооформил во Штип и во Скопје. Иако беше во пензија повеќе од 28 години, тој целиот свој живот ја чувствуваше поврзаноста со фирмата на чие чело беше цели 30 години и со ист интензитет и жар говореше за годините минати на градилиштата низ државата, кога се создаваше македонското градителско јадро.

Работниот век на Ристоманов почнал во 1947 година кога прв пат бил ангажиран во тогашните младински работни бригади, каде што бил главен интендант, а од 1 јануари 1948 година станал началник на градилиште за исушување на струмичкото блато. Потоа бил повикан од Министерството за градежништво и именуван за главен диспечер во Министерството. На 1 јануари 1952 година бил назначен за генерален директор на „Бетон“. На чело на фирмата бил до крајот на својот работен век, до 1982 година.

Почетокот на неговото раководење со едно од најголемите градежни претпријатија во Македонија е поврзан со изградбата на помали објекти, како што се малите хидроцентрали „Зрновци“, „Сапунчица“, „Пештани“. Подоцна, под негово раководство се изградени и големите капацитети „Осломеј“ и РЕК „Битола“, фабриката „Тодор Циповски“ , па Јегуновце, Цементарница, ОХИС, Млекарница, Железарница, Рафинерија, Градски трговски центар во Скопје, Градски стадион – Јужна трибина, илјадници километри патишта и стотици квадрати станбен и деловен простор. Паралелно со професијата, не ја оставаше ниту својата втора љубов, па со еднаков жар ја извршуваше и задачата на претседател на ФК „Вардар“.

За неговото дело најдобро говорат бројните награди и признанија. Името на Блажо Ристоманов и по три децении од неговото активно работење остана симбол на професионалност, истрајност, објективност и пример на многу млади инженери за успех во работата. (Б.А.)


#
Статијата е прочитана 760 пати.

Испрати коментар

Од: Aleksandra Kardula Donevski
Датум: 12.05.2010 01:16:43
Нека му е вечна слава!!
Од: Novo
Датум: 12.05.2010 02:39:03
Graditel so pocit od cela Makedonija i posiroko koj sto ima izgradeno objekti so koj i den denes se gordee Makedonija.Primer poveketo turisticki objekti vo Ohrid, spomenikot Makedonium vo Krusevo itn. Pocivaj vo mir.
Од: divna
Датум: 12.05.2010 09:17:03
Neka mu e vecna slava, sekoja cest.

Најди! во Утрински
Политика
Квотите за лекови како експеримент со пациентите
Светот се дружи со Македонија преку Си-Ен-Ен
ДУИ се нервира кога опозицијата се радикализира
Нов начин на плаќање на болниците
Иванов - 365 дена сам на тронот
Лотото се' попривлечно
Детските стоматолози на протест