Број 3280  среда, 12 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

ДУИ се нервира кога опозицијата се радикализира

Демонстрациите на цивилниот сектор ја отсликаа и битката за превласт во албанскиот политички камп

Александра М. Митевска

Не им беше лесно на функционерите од ДУИ да стојат настрана, додека неколку илјади Албанци, поддржани од опозициските партии од албанскиот блок протестираа поради дискриминација низ скопските улици. Владејачката партија можеби се препозна како цел на протестите што ги организираше Советот на албанските организации, па затоа се обиде да го сврти вниманието кон себе. Нејзините пратеници ја напуштија тековната собраниска седница, практично, протестирајќи поради нивните партнери од ВМРО-ДПМНЕ, со кои не успеаја да најдат заеднички јазик за Законот за денационализација. Така, собраниската сала остана без ниту еден пратеник од албанскиот блок, бидејќи ДПА повеќе месеци го бојкотира законодавниот дом, а пратениците на НД се приклучија кон протестниот марш на невладините организации.

Ваљон Беља, од Советот на албанските организации, вели дека е задоволен од исходот на протестите, ако се има предвид дека ДУИ 24 часа дневно работела на нивно опструирање, меѓу другото, и заканувајќи им се со откази на Албанците во администрацијата, во случај да им се приклучат на демонстрантите. Според Беља, раководството на ДУИ очекувало масовен протест и поради тоа извадило толкаво полициско обезбедување на улиците.

„Каков апсурд - во исто време кога од ДУИ ни се смееја за протестите, самите тие протестираа, напуштајќи го Собранието. Тоа ја покажува нивната комунистичка матрица, бидејќи тие повеќе се интересираат за формата на протестите - колку се тие масовни отколку за нивната суштина - за што се протестира“, коментира Беља, откако Шефик Дураку, еден од владините портпароли ги оквалификува протестите како „малубројни“.

За присуството на НД на протестите, Беља вели дека раководството на оваа партија сакало политички да поентира и да ги наполни батериите. „Добивме поддршка и од другите опозициски партии, вклучително со ДПА, но тие не ги пратија своите функционери на протестите, туку дојдоа само претставници од членството. НД, пак, можеби нема членство, па мораше да дојде раководството“, нагласува Беља. Тој вели дека ако и по протестот продолжи дискриминацијата на Албанците во Македонија, тогаш ќе се преземат други мерки, кои ќе бидат поболни, ама легални, како, на пример, граѓанска непослушност.

Демонстрациите на цивилниот сектор на Албанците во Македонија, индиректно ја отсликаа и ситуацијата во албанскиот политички камп. Протестите под мотото „За правда“ укажаа дека се разгорува битката, во ситуација кога ДУИ е соочена со опасност од пад на популарноста, главно, поради молчаливоста за етноцентричните владини политики, а ДПА и НД се тркаат за водечка позиција во опозицискиот простор, првите преку засилен ангажман во базата, а вторите преку интензивни настапи на јавна сцена.

Впрочем, истиот ден кога албанските НВО протестираа во центарот на Скопје, а собраниската сала остана без претставници од албанскиот блок, ДУИ беше принудена на уште една (млака) реакција контра ВМРО-ДПМНЕ. Откако министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, навести дека датумот за преговори на Македонија со ЕУ може да ја чека 2011 година, интегративците апелираа до владиниот врв да се однесува државнички и да стави крај на еден тежок, но, сепак, надминлив спор (спорот со името).

Аналитичарот Сефер Тахири вели дека е евидентно оти подолго време се води реална битка за освојување на политичкиот простор во албанскиот блок - од една страна, меѓу ДПА и НД, како опозициски субјекти, а од друга страна, меѓу овие две партии и владејачката ДУИ.

„Начинот на кој настапуваат опозициските партии - со покритични тонови за одредени прашања, како името или некои моноетнички проекти, на пример, ’Скопје 2014 покажува дека тие сакаат да го освојат гласачкото тело што не го освоила ДУИ, односно незадоволниците од владините политики и неопределените гласачи“, оценува Тахири. Според него, евидентно е дека ДУИ ја губи поддршката на терен, но и дека нема значително покачување на рејтингот на НД, како нов политички субјект што се обиде да промовира нова филозофија и нови идеи за иднината на државата. Од тој аспект, како што наведува Тахири, растечкото незадоволство од политиките на ДУИ засега и' оди во прилог на ДПА.


#
Статијата е прочитана 1009 пати.

Испрати коментар

Од: diplomat
Датум: 12.05.2010 02:01:52
Znaci pravedno bese mak politicari na raznorazni formi da gi pritisnat albancite od 1945-2010?Kade 75% bez rabota,site nadvor,planski iscisteni!Kako ovie onda od albancite ocekuvaat razbiranje,podrska za imeto?Vrz koja baza,doverba,dela go baraat toa?Koga so programa,svesno antialbanski proekti,kade sto preku tajnosta na proektite,se zaobikoluvaat nadleznite institucii-lek protiv badenter i novata realnost od 2001=ideolog gruevski!Se krsat zakonite i ustavot!Fakti>1.zakon za policija,glasan bez badenter,preku dogovor so dpa,taa se izjasni za nepotrebno takvo glasanje,2.zakon za natalitet-ustavniot sud ukina diskriminatorskite odredbi 3.skopje 2014-namesto sobranieto,odluka za postavuvanje spomenici donesuva opstina centar,a skopje e glaven grad-ustav na RM,se so cel da se izbegne badenteroviot princip,kade treba dui da glasa,4.namesto so zakon,da se predvidi izucuvanje na mak,jazik od prvo odelenie,donesuva odluka minist!Fazit:samo 02-06,od 1945-2010-samostojna RM,se rabotese cesno!
Од: steve - Frankfurt am Main
Датум: 12.05.2010 06:08:27
Diplomatu, vo drzavite kade ziveete vie sekade ste 75% nezaposleni. ...Vasata tradicija ve odlepuva od evropskite ureduvanja. Najmalku ste integrirani i vo Germania. Napravenite zidovi vo vasite dvorovi seuste vi stvaraat konfuzija. Zamislete se i vie ednas kade e i vasata greska, a ne samo drugite da vi se krivi. Sto vie pravite od vasa strana da se integrirate vo optestvo koe ne zivee vo familijarni tradicii? Poveke i nema sto da se komentira. Se toa, pak toa...
Од: imer-minhen
Датум: 12.05.2010 07:25:55
milion posto u pravo Diplomat,Narodot vika,ako taka sadis krastavici,krivi ke ispadnat ili ako kopas grob na nekoj drug,sam ke padnes. Na mesto da sozdatat prava demokratija kade site gragjani ke bidat ravnopravni so prava i obrzki sprema drzavata,ovia opet po straro srbski recepti za diskriminacija vrz drugite.
Од: Do diplomat
Датум: 12.05.2010 07:34:27
Dali e toj Badenterov princip posilen od nasiot ustav? I dali nekade vo svetot voopsto vazi takov Badenterov "zakon"? Do koga ce ne maltretirate so toj Ohridski dogovor? Ako vi se zivee vo ovaa drzava, pocituvajte gi postoeckite zakoni, a ne izmisluvate sekoj den novi zakoni i principi.
Од: Stojan
Датум: 12.05.2010 09:20:46
Lesno e da se manipulira so nepismen narod na koj će mu se obeća se i sešto"ako opozicijata dojde na vlast"a pa nema ništo da dobijat,zatoa što nikoj i nikade ne dava đabe.Albancite voopšto ne gi interesira imeto Makedonija i nemaat pravo da ja pritiskaat Vladata i Makedonskiot narod za brza promena na imeto za členstvo na EU i NATO.Toa treba da si go reši Makedonecot dali će vleze so drugo ime.Opozicijatana čelo so SDSM ne e česno da se služi so ovakvi skapani raboti da gi huška albancite kobajagi za narušeni međunacionalni odnosi,nepočituvanje na čovekovi prava itn za da napravi vojna vo Makedonija i da sednat pak vo fotelja.Kade e g-din Fuere sega da se oglasi za ova što se slučuva ili ima perde na oči pa ne gleda što se slučuva deka se huška albanskoto malcinstvo protiv državata vo koja živeat.Ne treba Mehmeti da ni kažuva kako će se vikame,ako ne im čini ovde pod ovie uslovi neka si odat vo matičnata država ili Kosovo.
Од: Гоце Делчев, Питу Гули
Датум: 12.05.2010 09:42:13
Trebase i nezadovolnite Makedonci da im se pridruzat na Albancite na protestot....se nadevam deka naskoro i toa kje se sluci, bidejki vaka vekje ne odi. I na Albancite im e preku glava od vrabotuvanja na ne soodvetni partiski kadri, korumpirano sudstvo, mizerno zdravstvo, jadno obrazovanie, nesposobna partiska policija, namesteni tenderi etc. Treba zaedno i Makedoncite i Albancite da staneme protiv ovaa idiotska vlast...
Од: ФЕЛИКС
Датум: 12.05.2010 09:43:45
Што да се пише за описот на протестите, изместена работа во која доминира омразата кон власта.Свесно се премолчува барањето да се ослободат терористите од Сопот и Бродец,сето ова и друго проследено со повиците :Албанија, Албанија и УЧК,УЧК, виорење албански знамиња, навредлива сценографија и др.просветлени изблици на демократија.Омразата и желбата да се урне власта е на прво место,а тоа што ја урнисува државата е во стилот,,што те боле,,за неја.
Од: Nikola-Vlav od Germanija
Датум: 12.05.2010 10:40:15
Deka covek moze sam da si kopa grobot,mada samo vo politicki smisol na zborot,pokazuva Imer Selmani.Toj na minatite pretsedatelski izbori nastapi "gragjanski" kako "MKski Obama".Toa bese legitimno,nemase nisto sporno vo toa i duri bese za pozdravuvanje,sto se pokaza i vo negoviot izboren rezultat.Ama ne mi e jasno sto mu stana na covekov vo megjuvreme,da go otkazuva gragjanskiot koncept i da se svrti kon veke dokazan poguben etnocentrizam!Na svetot treba mu pokazeme deka za nacionalno dostoinstvo,mir i spokojstvo sme spremi da ja zrtvuvame zaednickata Drzava,pa ALcive da nemat osnov veke da ni se zakanuvaat poeke so potcenuvanje i nasilstvo-prosto receno,nie MKcite "da go vrtime kopjeto vo sprotivna nasoka" kako sto velime vo Germanija;pa taka EU,NATO i OBSE bi go izgubile "dzokerot" vo forma na MK-Albancite,koi vo poslednite godini zasileno ja promovirat plemenskata kultura (ubistva,Ova-ONA,itn.).Imam pocit kon Albancite kako narod,no se ima razumni granici,ako treba i kaj Grupcin!
Од: ardit
Датум: 12.05.2010 10:47:15
DUI voopsto ne se nervira dodeka albanskiot narod vo makedonija seuste spie. Tie seuste se cuvstvuvat komotni zatoa sto golem del od albancite (sredna kategorija) seuste lesno se izmanipulirat politicki, kako sto toa go pravaes i go pravi DUI. Ova kategorija seuste zivee vo minatoto, pa zatoa i e lesno i na DUI, a pogotovo na partiite od makedonskiot bllok. posebno VMRO-DPMNE. Bravo tie imat strategija za izigruvanje na albancite vo Mk.
Од: граѓанин
Датум: 12.05.2010 12:46:36
Законот е жива материја,која се креира, врз основа на критериуми,кое се менуваат.Во таква една консталација на односи,крајно е неферски,партиите заради умилкување кон народот,ги газат основните постулати на владење кои добро им се познати.Но,во тоа во голема мера импомага и граѓанинот,кој по се изгледа е ненаситен од "нешто ново по селските чешми".Tака ќе биде се дотогаш додека имаме двајца.Едниот кој треба да дава а другиот да зема.Што се однесува до ДУИ,барем има доблест да каже што постигнала,и што треба да се постигне,па и по цена на паѓање на рејтингот.Кому му треба детрансформација на облиците на регулирање на односите?Трансформацијата на системот бара менување на цела палета на приоди кон разрешување на проблемите.Напуштање на старите,прифаќање на нови.Инаку,без ресурси над кои ќе го уживате своето право,е како и да го немате.
Од: nekoj od EU
Датум: 12.05.2010 15:13:11
Na Mk i treba da zavladee pravoto, gragaskoto opstesto, redok i poredok...za SITE sto imaat makedonski pasos i ziveat od Tabanovce do Bogorodica. Bez razlika na pol, vera, nacionalnost i drugi licni i intimni ubeduvanja. Ako sakate drzava, ama ne banana, pridruezete im se na vasite hrabri sogragani i izbrkajte gi ovie rasturi-kuki, gruevci, singovci, brankovci i drugi nesposobni. Do koga ke ve lzat site? Dajte batalete toa balkanskiot mentalitet, koj na nikoj dobro ne mu donesol...EU, NATO, site kako eden, toa vi treba, sorabotka so drugi zemji, usoglasuvanje na zakoni, ukinouvanje na carina so 27 zemji clenki, moznosti, evropski fondovi za sekoj sto ima malku akal i moze da napravi proekt, EU pasosi...stanete Evropejci! dosta se zanimavavte so gluposti, dosta bese...

Најди! во Утрински
Политика
Квотите за лекови како експеримент со пациентите
Светот се дружи со Македонија преку Си-Ен-Ен
Нов начин на плаќање на болниците
Иванов - 365 дена сам на тронот
Лотото се' попривлечно
Блажо Ристоманов 1921-2010, градител
Детските стоматолози на протест