Број 3280  среда, 12 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Лотото се' попривлечно

Маја Томиќ

Почнува да расте интересот за лотото, на кое играчите чекаа три и пол години. На првото извлекување на 3 мај, уплатата изнесуваше скромни 17 илјади евра, а веќе вториот пат беа уплатени за околу 40 отсто повеќе, или околу 25.000 евра. Тоа значи дека полека почнува да се враќа поранешната лото-треска за заокружување на лото-бројките. Тие сега можат да му донесат некому дури 100 илјади евра, пари што не за потценување и со кои можат да решат многу животни проблеми. За жал, главната премија во првите две кола не падна, иако во понеделникот беше многу тесно, затоа што имаше шест добитници со шест погодоци, кои носеа околу 32 илјади денари.

Од „Државна лотарија“ велат дека сега е почеток на игрите и вообичаено е уплатите да се пониски од очекуваните. Потребно е повеќе време за повторно да се развие играчката навика кај луѓето, објаснуваат од институцијата, додавајќи дека очекуваат уплатата да продолжи да расте во наредните кола. Оттаму, не е исклучено главната добивка наскоро да биде поголема од сегашната од 100 илјади евра. Поточно, кога уплатата ќе ја надмине оваа засега гарантирана сума, велат во „Лотарија“, тогаш и главната премија ќе се зголеми.

Една од причините за малиот износ на уплатата за првото извлекување можеби беше и тоа што повеќето граѓани лутаа барајќи ги новите продажни пунктови на „Лотарија“, очигледно, поради слабата информираност и скромната рекламна кампања на стартот на лотото. За разлика од сега, поранешната „Лотарија на Македонија“ имаше свои наплатни места за игрите и секој точно знаеше каде да ги купи и да ги уплати тикетите. Сегашната Лотарија реши тикетите да ги продава на повеќе продажни места, како во маркетите „Тинекс“, бензинските на „Макпетрол“, „Тобако“, „Техномаркет“, „Вестерн унион“, „Импулс“, „Антаријас“, кои и ги нема на пофреквентните места.

Голем дел од играчите се жалат дека е мал бројот на продажните пунктови. Токму во строгиот центар на Скопје, на пример, во само едно „Тобако“ се врши уплата на лото и се продаваат и грепки. Затоа редовно има голем метеж во понеделниците, затоа што на тоа место се продаваат и повеќе други артикли, освен тикетите на Лотарија.

Според директорот на „Лотарија“, Јован Силјановски, бројот на продажните места ќе се зголемува, од 200, колку што се сега, на двојно повеќе до крајот на годинава.

„Јасно ни е дека се потребни повеќе продажни места, особено во центарот на Скопје, а веќе е во процедура постапката за добивање 100 нови продажни дозволи. Се преговара со маркетинг-куќа, која ќе го преземе рекламирањето на игрите и тоа ќе биде поударно во медиумите, а многу скоро ќе има и светлечки реклами што треба да ги примамат граѓаните да играат лото“, вели Силјановски.

Инаку, во продажба се грепките и Новото лото, 7 од 34 броја, со десет можни комбинации на еден тикет, по цена од 15 денари.

Останува за паметење последната седумка на лото од декември, далечната 2004 година. Уплатите се собираа цели три години, затоа што никој ги немаше погодено седумте извлечен�� броја. Со лото-треска беа заразени голем дел од граѓаните, бидејќи премијата стаса до фантастични 900 илјади евра, најголемата сума во историјата на македонското лото. Добитникот од Скопје до денеска остана анонимен за јавноста.


#
Статијата е прочитана 798 пати.

Испрати коментар

Од: igrac
Датум: 12.05.2010 07:34:38
A dali vo nekoj vesnik izleguvaat izvlecenite brojki dokolku ne gi gledate na TV.
Од: Влатко Демир Хисар
Датум: 12.05.2010 09:28:52
Во Демир Хисар нема уплатно место па играчите(кои ги има во голем број) мора да одат до Битола за уплата што повлекува дополнителни трошоци.Би сакале што поскоро да отворите уплатно место во Д.Хисар (на пр.Макпетрол).

Најди! во Утрински
Политика
Квотите за лекови како експеримент со пациентите
Светот се дружи со Македонија преку Си-Ен-Ен
ДУИ се нервира кога опозицијата се радикализира
Нов начин на плаќање на болниците
Иванов - 365 дена сам на тронот
Блажо Ристоманов 1921-2010, градител
Детските стоматолози на протест