„Единството и виталноста на македонското општество не се потпираат врз владеење на посилниот или побројниот, туку на учеството на сите заедници и на сите граѓани во функционирањето на државата. Затоа ќе се залагам за доверба и пријателство меѓу сите граѓани“. Пред точно една година, ваква порака испрати Ѓорѓе Иванов, од неговата инаугурација како четврти претседател на државата - позиција на која дојде директно од Правниот факултет, со поддршка од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и со салдо од околу 450 илјади гласови во вториот изборен круг.
Иванов, како прв „станар“ во новата претседателска резиденција на Водно, ги заокружи првите 365 дена од неговиот петгодишен мандат. Од оваа временска дистанца, поделени се размислувањата за тоа дали претседателскиот костум му помогна на професорот Иванов и реално да се наметне како фактор на единството и на виталноста на македонското општество. Во изминатиот период доминираа ставовите дека новиот претседател е млака политичка фигура што не може да се одлепи од сенката на премиерот и од влијанието на партијата што го донесе до тронот. Дека поради тоа има споредна улога и во надворешната и во безбедносната политика - области на кои се фокусирани надлежностите на шефот на државата. Гафовите со кои одвреме-навреме ја брануваше јавноста и минималниот рејтинг уште повеќе ја засилија перцепцијата дека политикологот не се снајде најдобро во високата политика.
Од друга страна, повеќето од јавните личности што пролетта 2009 година ја поддржаа кандидатурата на Иванов, се' уште веруваат дека на кормилото на државата застанал вистинскиот човек. Пејачи, актери, универзитетски професори, академици беа дел од делегацијата поддржувачи што вчера се сретнаа со Иванов.
„Со задоволство можам да кажам дека претседателот ги задржал своите човечки принципиелни вредности и ставови. Иако, на прв поглед, можеби не изгледа атрактивно и ефектно во својот мандат, мислам дека е многу вреден и дека тој начин на работа, кога и да е, ќе донесе важни резултати“, забележа публицистот Братислав Димитров.
Оперската певица Славица Галиќ-Петровска рече дека е задоволна како Иванов ја води државата и дека повторно би го поддржала, особено сега кога подолго време го познава. За ректорот на Универзитетот во Битола, Златко Жоглев, најважно достигнување на претседателот Иванов досега е креирањето и ширењето позитивна слика за Македонија. (А.М.М.)
Osamen, sam bravo za avtorot ama jas ce dodadam uste i bezboen, nevidliv pa ako prodolzam ce recam deka i ne ni treba pretsedatel
Од: Itar Pejo
Датум: 12.05.2010 00:27:27
Stvarno Predsedatelot Ivanov vo brojnite sredbi so svetskite lideri od balkanskiot poluostrov mnogu doprinese za sirenjeto na pozitivnata slika za Makedonija. Samo za godina dena od negovoto vladeenje polozbata na Makedonija vo svetot spektakularno se podobri. Sto li ce bide narednite godini!
Од: prijatel
Датум: 12.05.2010 02:48:51
Ova e poveke od pateticno.....Pretsedatele dajte Ve molam....Probuvam da ja pocituvam funkcijata pretsedatel ama.....Izgleda imate poveke slobodno vreme a?.......Jas nikogas ne prasuvam nikogo kako si ja vrsam rabotata zatoa sto ja rabotam kako znam i umeam i se trudam sekoj den kako da mi e prv....Pozdrav i kako sto rekov "pateticni ste"...
Од: Смешен наслов
Датум: 12.05.2010 07:38:26
Ха-ха-ха. Ама ме насмеа насловот: “Иванов - 365 дена сам на тронот“!? Да не сакате да кажете дека треба да имаме двајца тројца или повеќе претседатели да седат на тронот???
Од: pateticna
Датум: 12.05.2010 07:57:17
Ma znaete ssto, pateticni ste site vie ssto ne mozzetet da podnesete deka ovoj tivok ccovek go pobedi Frckovski i toa ubedlivo. Patticcni ste sso ne vi e jasno deka na izbori pobedi VMRO-DPMNE i so toa mora da se pomirite. ke dojde den ke se vratite na vlast i ke imame odliccen pretsedatel, kakov ssto besse neli BC, koj nasekade vo svetoto se zzalesse na lossata vlada i premierot. E toa e pateticcno.
Од: Трпе
Датум: 12.05.2010 08:28:11
Не 365 дена и 2200 дена ке поминат,наш Ѓоле ке остане истиот.Само промената е во оделата ,сега веке старите не му се тама.Му се погоди на чоекот.Со новата функција и резиденција,нема да се нервира за неодговорните студенти.А народот кој го шиша.Само во последно време му изостана и бисерите,нешто е помолчалив.
Од: Буцко-размислува
Датум: 12.05.2010 08:49:47
Машала, да не му е за уроци, дечкото се поднаполни. Мислам со дополнителни килограми. Или, може да ќе биде, злобните фотографи, лоши фотографии му вадат. Му пакуваат комуњарите, веројатно.
Од: prolet
Датум: 12.05.2010 09:20:46
Izvinete nevidov na televizija, dali vcera i Ivica Bocevski bese na priemot kako negov poddrzuvac na kandidaturata???
Од: OD ORCE MAKEDONSKI
Датум: 12.05.2010 11:07:46
Golemi Cestitki do nasiot pretsedatel na RM Gorgi Ivanov i vo opsto ne e pateticen iako sum jas poveke od nego pateticen i mislev da se prijavam za kandidat za vrsenje na navisokata funkcija na drzavata RM,a toa Sef na Drzavata na nasata majka ,mila i gorda RM ,no sepak mu go ostapiv mojeto mesto za vo idnina i toa so pogolema PATETICNOST -PATRIJAHALNOST ,licnost koj zanae i umeje da si ja saka pred se cvojata zemja RM .POZZ ORCE MAKEDONSKI I VMRO-ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA ,SEKOJA CEST DO NEGO I DO NEGOVATA FAMILIJA