Број 3280  среда, 12 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Светот се дружи со Македонија преку Си-Ен-Ен

Миркица Поповиќ

Светот неделава интензивно се дружи со Македонија. Во понеделникот вечерта преку првото известувањето на Ана Корен и на Ник Робертсон, гледачите на „Ворлд оне“ и „и-лист“ на Си-Ен-Ен, имаа можност да го погледнат Скопје навечер, уште еднаш да слушнат за најпознатиот проблем на државата, конфликтот со Грција за името преку интервјуто со премиерот Никола Груевски, да се запознаат со фактот дека Вардар ги дели двете најголеми етнички заедници во државата, кои ги спојува Камениот мост, но и да уживаат во успешната приказна за создавањето на винарската визба „Попова кула“ преку разговорот со сопственикот Јован Трајков. Триесетминутните јавувањата директно од Скопје продолжуваат секоја вечер до петок во 21,30 часот на Си-Ен-Ен.

Сепак, првата репортажа фрли позитивно светло на државата, особено на нејзината внатрешна стабилност преку видувањата на граѓаните, кои, како што беше пренесено, не сакаат да се навраќаат на конфликтот во 2001 година, туку повеќе се заинтересирани за економскиот развој и интеграцијата во ЕУ.

Интересно беше претставена приказната за винарската визба „Попова кула“ и сопственикот Јован Трајков, кој својата инспирација за отворање винарска визба ја нашол при посетата на лозјата во Напа, Калифорнија. Трајков преку разговорот истакна дека се раководени од принципот за глокализација (кованица од глобално и локално, заб.) и постојано работат на промоција на македонските вина на светскиот пазар, а преку тоа и на винскиот туризам преку идејата за винските патишта во државава.

Ова се само првите чекори од еднонеделната репортажа што ќе ги опфати сите скриени туристички бисери на државата, но и технолошкиот развој и инвестицискиот потенцијал на Македонија. Ќе бидат интервјуирани моментално присутните странски инвеститори во државата и нивните приказни, профил за Мајка Тереза, културниот и забавниот живот, како и репортажа од Охрид која ќе се осврне на природните убавини што ги нуди и старата, шармантна архитектура привлечна и за домашните и за странските туристи.

Македонија е четвртата држава, која се наоѓа пред камерите на емисијата „и-лист“, а македонскиот серијал е финансиран од домашната Агенција за странски инвестиции која повеќе од 2 години има рекламни спотови за државата на оваа мрежа. Како што велат од Си-Ен-Ен оваа емисија има за цел да ги предизвика перцепциите кои гледачите ги имаат за места кои им се веќе познати и да ги запознае со локации кои за нив се' уште се неоткриена мистерија. Досега вакви емисии има за Франција, Бахреин и Грузија.


#
Статијата е прочитана 1431 пати.

Испрати коментар

Од: flying-monaco
Датум: 12.05.2010 11:13:14
Fala bogu, se desi i toa neshto pozitivno da se objavi vo utrinski sto vladata go storila...
Од: negotino
Датум: 12.05.2010 14:29:11
sdsm ovci kade se komentarite sega od kaj pari da mu platat na CNN i drugi raboti so znaete da gi pisite pozdrav do CNN
Од: Адам од Говрлево
Датум: 12.05.2010 14:40:30
Рикер ја утна, па сега Si-en-en го вади од калта??? Браво за Си-ен-ен, ама повеќе тежина ќе имаше проектот ако се случеше пред непромислените изјави на Рикер, а многу се за овде да ги набројувам. Тој, сепак, остави впечаток дека ништо не знае за вековните македонски страданија, и кој Македонците ги воведе и доведе до таа Голгота! Остави впечаток, за жал, дека САД се пишманат за договорот за пријателство. Оттаму сега и прекрасниот проект на Си-ен-ен го примам со резерва, како и со признавањето со името од САД и неговата поврзаност со територијалната поделба на РМ...

Најди! во Утрински
Политика
Квотите за лекови како експеримент со пациентите
ДУИ се нервира кога опозицијата се радикализира
Нов начин на плаќање на болниците
Иванов - 365 дена сам на тронот
Лотото се' попривлечно
Блажо Ристоманов 1921-2010, градител
Детските стоматолози на протест