Нов начин на плаќање на болниците
Фондот за здравствено осигурување повеќе нема да го исплаќа годишниот буџет на болниците и клиниките на 12 еднакви рати. Парите ќе се исплаќаат секој месец, но сумите нема да бидат линеарно еднакви дванаесеттинки од буџетот. Пред само една недела во Фондот негираа дека има измена во плаќањето, но, вчера откако одлуката беше објавена во Служен весник, во ФЗО, ја потврдија информацијата. Измената во начинот на плаќање со која што се брише зборот „еднакви“ е во функција на континуираните реформи што ги прави Фондот да биде плаќач на здравствените услуги што се планира од 2011 г. (Ј.Ј.) |