КЕЈТ МОС
Физичка пресметка со момчето
Суперманекенката Кејт Мос им објаснила на медиумите зошто на една неодамнешна забава во Лондон се појавила со гребнатинка на лицето, а нејзиното момче Џејми Хинс со „монокл“. Имено, станувало збор за шега, која подоцна преминала во вистинска физичка пресметка помеѓу Мос и Хинс, а како причина била наведена мала љубовна кавга.
И покрај „украсените“ лица, на славната двојка не и' претставувало никаков проблем да се појави во јавноста.
„Малку се расправавме околу прашањето какви ни се плановите за Божик. Од кавга преминавме на физичка пресметка, но јас носев голем прстен, па успеав да го удрам Џејми во пределот на окото. Сега, се' е в ред. Како и сите парови, и ние имаме подеми и падови, но важно е дека успешно ги надминуваме“, појаснила Мос. |