ЏОНИ ДЕП
Во улога на Роџер Мур
Актуелно во Холивуд е дека две познати студија се борат да ги откупат правата за екранизација на автобиографската книга за животот на Роџер Мур. Според шпекулациите, најверојатно улогата за најпознатиот Џемс Бонд ќе му припадне на најплатениот холивудски актер Џони Деп.
Книгата „Мојот збор е мојот Бонд“, чиј автор е Роџер Мур, се наоѓа во продажба од октомври оваа година. Во неа се споменуваат интересни холивудски пикантерии, па станала примамлива јадица за холивудските режисери кои би сакале да ја екранизираат. Книгата очигледно е исполнета со многу тајни за славните имиња.
Според Мур, Џони Деп би можел совршено да се вклопи во неговиот живот и да го донесе на филмското платно сето она што е напишано во книгата.
Засега режисерите се заинтересирани да го прикажат животот на Мур пред да стане Џемс Бонд, затоа што сметаат дека таа приказна би можела да биде вистински хит. |