Денеска во Старата скопска чаршија, во близина на црквата „Свети Спас“, во 19 часот ќе биде отворена првата винотека-паб „Винотека Темков“.
Станува збор за нешто ново и интересно во нашиот град, каде што посетителите во продажниот дел ќе имаат можност да одберат и да купат некое од понудените вина, додека за дегустаторите има посебен дел, каде што ќе може да уживаат во вкусот на вината и ладните предјадења.
Во асортиманот на „Винотека Темков“ ќе може да се најдат сите најпознати вина од винарските визби во нашата земја. (И.С.)
Bravo. Mi se dopagja koga nesto kje se otvori bas vo Carsija. Ja sakam carsijata i kje pojdam da vidam sto i kako ima!
I sto e ovde nazadno ne znam, kolku temnici lugje komentiraat auuuu...Aman be lugje.
Од: Натали
Датум: 03.12.2008 15:23:32
Браво.Старата скопска чаршија е нешто посебно,а
сега плус винотека.Секоја чест.Требаше да има нешто вакво и кај нас. Јас сум голем љубител на вино и сигурно во најскоро време ќе го посетам.