Број 3046  понеделник, 27 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Платите ќе ја проголтаат речиси цела здравствена каса

Платите на вработените во здравството достигнале дури 78 отсто од приходите во фондовската каса

Јасмина Јовановска

Платите на здравствените работници ќе ја проголтаат речиси цела здравствена каса. Месечните приходи на здравствениот кадар во последните неколку години толку пораснале што веќе заземаат околу 80 отсто од парите што се слеваат во Здравствениот фонд. Оттука, не треба да зачудува што на болниците и на клиниките им се заканува банкрот, а не е исклучено слична судбина да го снајде и Фондот за здравствено осигурување.

Неофицијалните математики до кои дојде „Утрински весник“ говорат дека за исплата на платите на вработените во здравството се трошат дури 78 отсто од масата на парите која се слева во здравствената каса. Толку висок процент од здравствениот колач да оди само за платите дошло по неколкукратните зголемување на платите на здравствените работници за по 10 отсто. Пред покачувањата, кои беа еден вид компензација за непочитување на Колективниот договор, платите зеле само 35 отсто од фондовската каса. По првото покачување, кое здравствените работници го добија пред заминување на претходната власт, платите се покачија за 10 отсто. Со покачувањето од сегашната власт, платите во здравството се зголемија на два пати по 10 отсто. Последното покачување е со бруто-платата, и тоа за 12 отсто.

Ако се знае дека во фондовската каса се слеваат околу 320 милиони евра, тогаш значи дека околу 250 милиони евра се трошат за платите во здравството. Овој процент на пари што се издвојува за платите е поголем дури и од Словенија, коментираат доброупатени извори. Во Словенија платите заземаат околу 65 отсто од фондовските пари. Но, во Словенија буџетот на здравството е над две милијарди евра.

Овој процент можеби малку ќе се намали, посебно што дознаваме дека Синдикатот и Министерството за здравство преговараат околу дежурствата кои со бруто-концептот, исто така, беа вметнати во платата и ги покачија платите.

Ако кон ова се додаде дека голем дел од вработените ги тужат установите каде што работат поради непочитување на Колективниот договор, тогаш банкротот на болниците и на Фондот можеби е неи��бежен. Дел од вработените од клиниките што тужеле поради непочитување на Колективниот договор добиле, така што Фондот треба да исплати околу пет милиони денари. Доколку вака постапат сите здравствени установи, на Фондот не му бега банкрот.

Во Фондот за здравствено осигурување потврдија дека процентот на платите веќе достигнал до 78 отсто. И за фондовското раководство овој процент е преголем залак и не знае како да го реши, па затоа бара решение и од Владата.

Директорот на Фондот, Ѓорѓи Тренкоски, смета дека ФЗО како фонд ќе се спаси од банкрот. Ќе се штеди на одредени набавки. Но, според него, секако, проблем ќе им биде на клиниките и на болниците, а најмногу ќе настрадаат здравствените домови. Посебно откако се воведе ДРГ-системот на плаќање. Тие немаат некои посебни услуги и нема од каде да се финансираат.

„Болниците и клиниките може да испливаат само со добро менаџирање. А тоа значи дека треба да се штеди на режиски трошоци и онаму каде што има превработеност да се намали бројот на вработени. Се знае дека во последните две години нагло се зголеми бројот на вработените во здравствените установи“, коментира Тренкоски.

Но, бројот на вработени не се зголеми поради тоа што бараат клиниките и болниците. Новите вработувања во здравствените установи или се под партиски притисок или според Рамковен договор или поради реорганизација, како што беше случајот со Клинички центар. Од една установа се формираа 32 установи со исто толку управни одбори, втори менаџери и еден куп комисии за набавки, што повлече, секако, најмалку 200 нови вработувања.


Статијата е прочитана 1513 пати.

Испрати коментар

Од: Стеван
Датум: 27.07.2009 00:35:46
Ова СДСМ пропагандава не мирува. Колку што знам, аптеките се плаќаат на 45 дена, 4 пати побрзо од порано. Slow news day.
Од: od citatel
Датум: 27.07.2009 09:55:40
Fondovskata kasa e prazna ne zaradi visokite plati na zdravstvenite rabotnici tuku zaradi golemiot broj na partijski pioni zaposleni posle izborite toa e prvata rabota. Vtorata rabota e sto namesto eden stavija po dvajca menageri a zdravsveniot sistem se sitne.Ovie menageri ne rabotat nisto bidejki i nema sto da menagiraat vo zdravstvoto, zemaat plati po nad 50.000 ili 60.000iljadi denari si odat po dva casa prestoj na rabotnoto mesto, otkako ke go ispijat kafeto i malku ke se pozabavuvaat. Ete zatoa e prazen zdrasveniot fond a ne zaradi pokacuvanjeto na platite od deset posto. I treto sega ima po dvajca direktori pa procentot na provizija od tenderite od deset posto se zgolemuva na 20, so toa se zgolemuvaat i trosocite vo fondovskata kasa.Pouka: ako ne se eliminiraat ovie tri " elementarni nepogodi" otide zdravstvoto a so toa i socijalniot mir. Zagrizen.
Од: Hipokriti
Датум: 27.07.2009 11:23:43
Rasparcuvanje na Klinickiot centar na 32 ustanovi, bese vistinska glupost ,koja dovede do nepotrebni partiski vrabotuvanja. isti takvi nepotrebni vrabotuvanja se sproveduvaat vo site zdravstveni ustanovi niz Mk i sto e najcudno, toa ne se lica od medicinski profil, no razni menadjeri, referenti teh. personal, obezbeduvanja i lica so sekakvi profili no ne medicinski. Pokraj toa zloupotrebite so nabavkite i ponatamu opstojuvaat nezavisno do sistemot na" dva direktori"( slozni popovi i vo petok mrsat)I bi prasal sto stana so onaj " epohalen" tender od 40 MILIONA EVRA !!!? Ej za moderznizacija i osovremenuvanje na Zdravstvoto, koja ovaa Vlada go trubese dve godini , zaradi populizam i eftino prodavanje na lagi i maglii pravivi ili i toj e del od onie 8 MILIJARDI Evra investicii koi gi obecavase Premierot pred izborite?
Од: лиц
Датум: 27.07.2009 12:20:48
Па,сега требаше да кажете кога веќе се пишува за нешто и се изнесуваат некакви бројки,иследново: Во примарното државно здравство-здравствените домови-(брзапомош , вакцинации) колку лекари се вработени,колку среден и др медицински персонал а колку не-медицински-технички персонал. Каков е односот на платите помеѓу овие категории па да се види дека лекарите на кои почива здравството имаат смешно ниски плати и смешно е низок односот на плати помеѓу лекарите и др.медицински и останат персонал.Е,тогаш да се види чии плати ги земаат фондовските пари,?Затоа што господа новинари и други - лекар по сите основи- времетраење и тежина на школото,одговорност и тежина на работата не е исто со шалтерски работник,наставник по географија или др. Тоа во другите земји го ценат- не со фала туку со плата. И само да Ве известам не сум ни лекар ниту било каков вработен во здравство
Од: verag
Датум: 27.07.2009 14:52:05
Платите во здравството не се особено големи,но прашање е освен здр. работници кој се е вработен,како и колку се плаќа здрв. придонес.А менаџерите,што па тие менаџираат? Имаше пари за нив да одат во САД за да научат менаџерство за неколку дена, а нема пари за основни апарати.
Од: trevor
Датум: 27.07.2009 16:05:16
Tesko na vrabotenite. Platite se visoki ama samo na durektorite, a drugite prezivuvaat.

Најди! во Утрински
Насловна
Учебници под прашалник
Гневни работници во Кина го убија директорот
Во Охрид над 30.000 туристи
Зденко
Каков леб, всушност, јадеме?
Расипани риби и салама од Дрисла завршиле на скопските трпези
Голема шанса за ситните земјоделци
Луис Хамилтон триумфално низ Хунгароринг
Не е доволно кратење од само 100 милиони евра?
Ги условувавме условите за ЕУ
Никола Саркози во болница
Карикатура
На охридските плажи дежураат 50 спасувачи