Број 3046  понеделник, 27 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Расипани риби и салама од Дрисла завршиле на скопските трпези

Полицијата фати двајца жители на село Батинци кои заработувале на бизарен начин – препродавајќи расипана храна

Расипано месо, риба, салама, пијалаци и други продукти со изминат рок со месеци нелегално биле изнесувани од скопската депонија Дрисла и завршувале на пазарите, а потоа и на трпезите во неколку скопски села. Аферата за продажба на повеќе од половина тон расипана смрзната риба и месо ја обелодени полицијата, која викендов уапси две лица кои се занимавале со овој сомнителен бизнис. Станува збор за Б.И. (55) и К.Б (64) од селото Батинци, кои одлучиле да заработуваат на најбизарен начин – претурајќи по отпадоците фрлени во депонијата Дрисла. Првиот во полиција демантирал дека е вмешан во бизнисот, тврдејќи дека му носел на пријателот салами за да го храни неговото куче. Вториот, пак, при разговорот со полицијата, ја објаснил шемата за заработка со расипана храна, која можела да биде кобна за животот на граѓаните.

Според полициските сознанија, двајцата уште од мај годинава ја започнале шемата со набавка на прехранбени продукти и пијалаци со изминат рок на траење од депонијата и потоа ги продавале на лица од околината на Скопје. На 17 јули во населбата Драчево, К.Б. бил затечен како пренесува неколку пакети смрзната риба со поминат рок со работна машина за сечење дрва. Тој бил приведен во полициската станица во Драчево, каде што ја разоткрил шемата за заработка. Според неговото тврдење, неговиот партнер Б.И. бил задолжен за набавка на прехранбените продукти, како што се месо, риба, салама и пијалаци од депонијата. Потоа му ги продавал на К.Б., кој пак требало да ги препродава на граѓани од околината на Скопје. Второпријавениот Б.И. полицијата го фатила на 21 јули, на патот за браната „Козјак“, во близина на селото Батинци.

Полициската истрага утврдила дека криминалот започнал да се случува уште во мај годинава кога 300 килограми расипана разновидна риба излегла од Дрисла и завршила во неколку скопски села на продажба. К.Б. ја купил рибата по цена од 13 денари за килограм, односно за 4.000 денари, по потоа постепено ја продавал на непознати лица од Јурумлери, Идризово, Петровец, Трубарево, Шуто Оризари и други населби по цена од 40 до 50 денари за килограм.

Сомнителниот бизнис продолжил и во текот на јуни годинава, кога се проширила палетата на продажба на расипани производи. На менито на двајцата измамници се нашле и расипани салами, виршли и сокови со поминат рок, кои повторно биле продавани во скопските села. Полицијата успеала да ги фати двајцата измамници при обидот да ја продадат последната пратка изнесена од депонијата Дрисла. Станува збор за 300 килограми риба, кој место да биде уништена, повторно било планирано да се врати на трпезите.

Дел од купената риба К.Б. успеал да ја продаде веднаш на лица во Трубарево и во Петровец, а веќе наредниот ден во населбата Драчево бил фатен од полицијата. Сомнителната стока била пронајдена при претрес на неговиот дом, по што таа е предадена на ветеринарните инспектори, кои со решение за поништување на храна, ја уништиле во кругот на депонијата.

„Против двајцата осомничени ќе биде поднесена кривична пријава за производство и пуштање во промет на штетни прехранбени и други продукти. МВР продолжува со истрагата за утврдување на каков начин успевале да ја изнесат храната од депонијата и дали за тоа знаела чуварската служба“, вели Иво Котевски од МВР. (Д.Т.)


Статијата е прочитана 677 пати.

Испрати коментар

Од: Milena
Датум: 27.07.2009 12:59:17
Sakam da gi prokomentiram dlabokite kadrovski promeni vo SDSM. Imam edno prasanje do pretsedatelot na SDSM, koj ke mu ja vodi kampanjata na terenot koga ke dojdat izbori, tie sto gi stavil doktori na nauki i magistri. Nemojte da se zalazuvate g. Crvenkovski, bez baza partijata e nikoj i nisto, a na ovoj nacin so dodvoruvanje na ligusi koi ne biraat nacin da bidat pokraj vas i so imenuvanje na zvanja ne dobivate nisto, vratete gi vo igra dokazanite kadri i po mesni i po opstinski i vo CO. Samo na toj nacin moze SDSM da napravi nesto, na narodot mu trebaatprepoznatlivi lica, a ne nekoi sto ne gi znaat dolgogodisnite clenovi koi makotrpno rabotele ovie 19 godini dodeka tie sto sega doagaat sedele mirno vo svoite fotelji. Neeksponiranost e sega vrlina, avo edno, isto taka vase vreme, bese maana. Sto praite so eksponiranite clenovi koi se maltretirani, ugnetuvani zatoa sto ostanale dosledni na svojata partija. SRAMOTA!!!
Од: verag
Датум: 27.07.2009 14:37:03
Нажалост,ова е можно во земја каде е дозволено да се продава храна на тезги и картони. Посебно повеќе што со ваква храна тргуваат нашите Албанци ,а тие се недодирливи за властаА исто така,продавниците за храна во кругот на пазарот- околу тезгите во Б.пазар се од ваков тип- не даваат сметки,особено не фискални,продавачите не се обврзани на редовни здравствени прегледи,бидејќи званично не постојат,секој што сака може да ја допре храната. Како да е овој пазар во друга држава.

Најди! во Утрински
Насловна
Учебници под прашалник
Гневни работници во Кина го убија директорот
Во Охрид над 30.000 туристи
Зденко
Каков леб, всушност, јадеме?
Голема шанса за ситните земјоделци
Платите ќе ја проголтаат речиси цела здравствена каса
Луис Хамилтон триумфално низ Хунгароринг
Не е доволно кратење од само 100 милиони евра?
Ги условувавме условите за ЕУ
Никола Саркози во болница
Карикатура
На охридските плажи дежураат 50 спасувачи