Број 3046  понеделник, 27 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Луис Хамилтон триумфално низ Хунгароринг

Актуелниот светски шампион конечно стигна до својата прва победа сезонава

Актуелниот светски првак, Луис Хамилтон, со својот Мекларен прв мина низ целта на Хунгароринг. Тоа е прва победа за Хамилтон сезонава, а може да бидат задоволни и во Ферари, бидејќи Кими Раиконен и покрај големите проблеми што ги имаше при за долевање гориво кога влезот во бокс во 45 круг, на крајот успеа да биде втор. По него следеа Вебер, Розберг, Ковалаинен, Глок......

Хамилтон уште на стартот навести супериорно возење. Тој имаше фантастично тргнување и од четвртата стартна позиција дојде на втората. За разлика од него возачот на Ред Бул, Германецот Себастијан Фетел (втора стартна позиција), имаше колизија со ферарито и назадуваше пет места. Во тие моменти напред беше Фернадо Алонсо, кој ќе ја памети оваа трка. Но, не по добро. Имено, во 12. круг влезе во бокс и излезе од него како деветти. Веднаш по враќањето на патеката му се откачи десната предна гума, која три свиоци подоцна одлета во воздух. Фернандо без гума полека возеше кон боксот на Рено, кревајќи ги рацете во неверување дека вакво нешто може да му се случи. Таму стави тврда мешавина на гума и се врати на последното место. Упропастена трка за искусниот Шпанец, кој се откажа во 17 круг. Подоцна се утврди дека виновен бил „лолипоп ман“, кој го пушти Алонсо пред механичарите да ја завршат својата работа.

Тој пех на Алонсо знаеше да го искористи Хамилтон, кој суверено ја извозе трката не дозволувајќи и влегувањата во бокс да му ја спречат првата победа. Во 30. круг Хамилтон загуби уште еден сериозен противник. Себастијан Фетел имаше голем проблем: „Нешто ми е скршено, не можам да го контролирам болидот“, им порача Фетел на луѓето во боксот. На крајот од тој круг младиот Германец влезе во боксот губејќи ги реалните шанси за подобар резултат. Три круга подоцна се откажа поради непознати технички проблеми. И во тие моменти водеше Хамилтон, чиј болид вчера беше извонреден. За тоа доволно говори и неговата комуникација со боксот на 15 круга пред крајот. „Треба ли малку да попуштам да го сочувам моторот“, праша Хамилтон, а веднаш доби одговор: „Се' е в ред, нема потреба за успорување“.

Покра�� победата на Хамилтон, трката за Големата награда на Унгарија ќе остане запаметена и по Шпанецот Џејми Алгуерсури (Торо Росо), кој со 19 години и 125 дена стана најмладиот возач во историјата. Тој трката ја заврши на 15. место пред својот клупски колега Буеми.

Пред тоа најмлад Ф1 пилот беше Мајк Таквел, кој во 1980 година во Канада прв пат возеше со своите 19 години и 183 дена.

 


Статијата е прочитана 379 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Учебници под прашалник
Гневни работници во Кина го убија директорот
Во Охрид над 30.000 туристи
Зденко
Каков леб, всушност, јадеме?
Расипани риби и салама од Дрисла завршиле на скопските трпези
Голема шанса за ситните земјоделци
Платите ќе ја проголтаат речиси цела здравствена каса
Не е доволно кратење од само 100 милиони евра?
Ги условувавме условите за ЕУ
Никола Саркози во болница
Карикатура
На охридските плажи дежураат 50 спасувачи