Број 3046  понеделник, 27 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Поглед

Учебници под прашалник

Жаклина ХаЏи-Зафирова

Ќе има или не ќе има бесплатни учебници за четвртоодделенците и седмоодделенците навреме оваа учебна година? Или, пак, книгите за овие ученици ќе ја доживеат истата судбина како и оние ланските, кои шестоодделенците ги чекаа со нетрпение, па поради пропустот на државните органи, мораа да ги купуваат дури во второто полугодие?

Четири милиони учебници од оваа есен треба да бидат дистрибуирани во рацете на основците и на средношколците, а од нив 500 илјади примероци ќе бидат сосема нови книги од кои ќе учат четвртоодделенци и седмоодделенци. Но, тие се' уште не се печатат, бидејќи, како што рекоа од Педагошката служба, се чекало мислење по жалби од Второстепената владина комисија. А, тие, пак, се на одмор.

Извисија и авторите на учебници кои се жалат дека нема абер од нивните договори за учебниците за четврто и за седмо одделение, иако само им се најавува дека е прашање на ден кога ќе бидат склучени. А, времето си врви и до почетокот на учебната година има само уште еден месец. Време во кое Министерството треба да склучи договори со авторите, да им ги предаде на издавачката куќа „Просветно дело“, па тие да ги лекторираат, да ги преведат и, на крајот, да ги дадат за печатење...

Лесно е од Министерството да ветуваат рокови и да калкулираат со цифри како една милијарда денари колку што ќе чини проектот бесплатни учебници. Но, дали имаа претстава дека времето за кое треба да ги средат и отпечатат овие ракописи е кусо? Зар не им беа доволни минатогодишните нервози околу учебниците за шестоодделенците, па не ги сфатија како поука за да не им се повторат истите грешки?

Колку повеќе се одолжува овој проект, толку полошо за сите, и за Министерството и за оние што треба да ги подготват учебниците, а најмногу за учениците и за родителите...

 


Статијата е прочитана 963 пати.

Испрати коментар

Од: boban
Датум: 27.07.2009 00:22:52
prvo skokni pa posle kazi op,i ne tropaj gluposti.
Од: bale
Датум: 27.07.2009 07:17:47
Се што се нафатија ВМРО-вциве е под прашалник??? И државата ја водат под прашалник????????????
Од: Sonja
Датум: 27.07.2009 09:34:58
Do Boban, Ako ne ste znaele da postetime deka ziveeme vo demokratsko opstestvo i vo nego sekoj ima pravo da iznese stav i mislenje za odredeno prasanje. Ama ocigledno deka nekoi vo nasava drzava ne znaat sto e toa demokratija, pa go navreduvaat sekoj sto misli poinaku od niv ili ne daj Boze liderot. Ete ovie od vlasta rabotat 24/7 i pak ne gi zavrsuvaat rabotite navreme. Za kvalitetot voopsto ne komentirame. Izgleda deka ne e do vremeto, tuku do efikasnosta i organizacijata. Treba nekoi da se potsetat na narodnata mudrost - maldost - ludost.. I taka celo vreme se krstat vo narodot, ama ne znaat sto veli. Pozdrav
Од: Трпе.
Датум: 27.07.2009 09:37:57
Ееее...мои мили македончиња,дали сеуште верувате на лаѓите на илузионистот мистер Рејтинг.Тргнете ги розовите очила и погледнете поубаво околу вас.Што има човекот остварено за неговите години,само лаги и ветувања и ништо повеке.И ова со учебниците ќе биде чисто перење на пари..Државата ќе делела учебници од 4 евра.Прашајте се кој ќе го собере маслото.Иако верувам дека нема да се оствари.,ова со учебниците,ветување,лудо верување.Многу слично како мониторите за секој ученик,еве трета година се одвојуват средства од буџетот а требаше целиот проект да чини околу 35 милиони евра.Па се обеќаа и лаптопи во руралните средини.За овој проект ќе и треба уште 5 години.А кога ќе има монитор за секој ученик и интернет,дали има потреба од учебници.Нели имаме Е-влада,треба да имаме и Е-образование.Сета литература да биде електронска.Проектот учебници ќе биде ист како и спортски сали за сите училишта.Во некои земји укинуват ваков проект а ние воведуваме.Тоа е слично како кљусето на Санчо Панса.Оствару
Од: b
Датум: 27.07.2009 11:04:37
БОБАН! Читај си Вечер и гледај си го Латас, емисијата јади бурек, бумбарката и секако г-дин Томиќ на МТВ. Тамо ниту ке се нервираш, а ниту тропаат глупости. Се разбира, за тебе не тропаат глупости.
Од: skdjf
Датум: 27.07.2009 13:39:39
Jas mislam deka ucebnicite ke stasaat navreme do ucenicite. Mislam deka ministerot nema da dozvoli zaradi tehnicki problemi da dozvoli da mu propadne vetuvanjeto sto go dade pred ucenicite i nivnite roditeli.

Најди! во Утрински
Насловна
Гневни работници во Кина го убија директорот
Во Охрид над 30.000 туристи
Зденко
Каков леб, всушност, јадеме?
Расипани риби и салама од Дрисла завршиле на скопските трпези
Голема шанса за ситните земјоделци
Платите ќе ја проголтаат речиси цела здравствена каса
Луис Хамилтон триумфално низ Хунгароринг
Не е доволно кратење од само 100 милиони евра?
Ги условувавме условите за ЕУ
Никола Саркози во болница
Карикатура
На охридските плажи дежураат 50 спасувачи