Број 3046  понеделник, 27 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

МЕРИДИЈАНИ

Голема шанса за ситните земјоделци

Џефри Д. Сакс

Иницијативата на Г-8 од 20 милијарди долари за ситното земјоделство, поведена на неодамнешниот самит на Групата во Аквила, Италија, е потенцијален историски напредок во борбата против гладот и екстремната сиромаштија. Со сериозно управување со новите фондови производството на храна во Африка ќе се издигне. Новата иницијатива, во комбинација со другите од областа на здравството, образованието и инфраструктурата, би можела да биде најголем чекор досега за постигнување на милениумските цели за развој, меѓународно договорени обиди за намалување на екстремната сиромаштија, болестите и гладот за половина до 2015 година.

Во периодот 2002-2006 година јас го водев милениумскиот проект на ОН, кој имаше цел да се постигнат милениумските цели за развој, под раководство на тогашниот генерален секретар на ОН, Кофи Анан. Еден камен-темелник во проектот беа селските земјоделски семејства во Африка, Латинска Америка и во Азија, со фарми од околу еден хектар или помалку. Таму се наоѓаат некои од најсиромашните домаќинства во светот и, иронично, некои од најгладните и покрај тоа што се производители на храна.

Тие се гладни, бидејќи им недостасува способност да купуваат високоприносни семиња, ѓубриво, опрема за наводнување и други средства што се потребни да се зголеми продуктивноста. Како резултат на тоа, нивниот учинок е сиромашен и недоволен за опстанок. Нивната сиромаштија предизвикува ниска земјоделска продуктивност, а ниската земјоделска продуктивност ја засилува нивната сиромаштија. Тоа е маѓепсан круг, технички познат како замка на сиромаштијата.

Оперативните сили за гладот во рамките на милениумскиот проект на ОН, предводени од двајца светски научници, М. С. Сваминатан и Педро Санчез, испитуваа како да се прекине тој маѓепсан круг. Оперативните сили за гладот утврдија дека Африка би можела значително да го зголеми производството на храна доколку им се даде помош на малите земјоделци, во форма на земјоделски вложувања. Милениумскиот проект препорачува значително зголемување на глобалните средства за таа цел. А��ан упати повик во 2004 година за африканска зелена револуција, врз основа на проширено партнерство меѓу Африка и земјите-донатори.

Многумина од нас, особено актуелниот генерален секретар на ОН, Бан Ки Мун, вредно работеа за да го овозможат тоа. Најавата на Г-8 ги одразува тие години на вложени напори и, секако, поддршката од раководството на американскиот претседател Барак Обама, шпанскиот премиер Хозе Луис Запатеро, австралискиот премиер Кевин Руд, претседателот на Светска банка, Роберт Зелик, европскиот комесар Луј Мишел, европскиот парламентарец Тијс Берман и други.

Сега е клучно тие напори да почнат да функционираат. Обезбедувањето семе и ѓубриво за ситните земјоделци по високосубвенционирани цени (или во некои случаи бесплатно) ќе направи долготрајна разлика. Не само што храната ќе донесе пораст во краткорочен период, туку земјоделските домаќинства ќе ги искористат своите повисоки приходи и подобро здравје за да ги акумулираат сите видови капитал: готовински биланси, здравство и образование на нивните деца, хранливи материи за почвата и домашни животни. Тој пораст на капиталот, пак, ќе овозможи локалните кредитни пазари, како што се микрофинансиите, да почнат да оперираат. Земјоделците ќе можат да ги користат средствата од нивната сопствена готовина или со зајмување наспроти нивната подобрена кредитна способност.

Сега е постигнат консензус за потребата да им се помогне на ситните земјоделци, но остануваат одредени пречки. Можеби главниот ризик е тоа што „бирократиите за помош“ сега меѓусебно се фаќаат во грешки, во обид да добијат дел од 20 милијарди долари, така што голем дел од тоа оди на состаноци, експертски консултации, општи трошоци, извештаи и натамошни средби. „Партнерството“ на донаторите може да стане скапа цел, и со тоа само да ја одложи реалната акција. Доколку донаторските влади навистина сакаат резултати потребно е да ги одземат парите од рацете на 30 или на повеќе одделни бирократии за помош и да ги здружат на едно или на две места, најлогично во Светска банка во Вашингтон и во Меѓународниот фонд за развој на земјоделството (ИФАД) во Рим.



(Авторот е професор по економија и директор на Институтот за Земјата на Универзитетот „Колумбија“)


Статијата е прочитана 697 пати.

Испрати коментар

Од: a perenje na pari
Датум: 27.07.2009 09:31:48
20 milijardi ke gi isperat vo afrika. da gi biduvalo afrikancite ke bea, i nas da ne biduvase ke bevme saglam. zamislete gi site tie voeni rezimi vo afrika, im davas 20 milijradi da gi podelat, oh, oh sto ubavo od semeto ke nikne nekja puska ili tenk

Најди! во Утрински
Насловна
Учебници под прашалник
Гневни работници во Кина го убија директорот
Во Охрид над 30.000 туристи
Зденко
Каков леб, всушност, јадеме?
Расипани риби и салама од Дрисла завршиле на скопските трпези
Платите ќе ја проголтаат речиси цела здравствена каса
Луис Хамилтон триумфално низ Хунгароринг
Не е доволно кратење од само 100 милиони евра?
Ги условувавме условите за ЕУ
Никола Саркози во болница
Карикатура
На охридските плажи дежураат 50 спасувачи