Тинејџер силувал двегодишен братучед
Петнаесетгодишно момче од кумановската населба Средорек во саботата попладне извршил полов напад врз двегодишниот братучед. Грозоморниот настан се случил кога мајката и двегодишниот син дошле на гости во куќата на малолетникот. Тинејџерот го зел братучедот, наводно, да си поигра со него, го однел во друга соба и извршил полов напад. Кога видел дека на двегодишникот почнало да му тече крв, се исплашил и го оставил до куќата на соседите. Сосетката го однела детето на лекар, при што му била констатирана повреда на анусот. Против тинејџерот ќе биде поднесена пријава. (Ст.Б.) |