Се задушил од чад гаснејќи пожар
Кирил Ваневски (66) од Скачковце, Кумановско, починал од задушување од чад. Несреќата се случила во саботата претпладне кога Ваневски се упатил кон атарот на селото, каде што во близина на неговата нива бил регистриран пожар на стрништа. Обидувајќи се да го локализира пожарот, Ваневски се задушил. (Ст.Б.) |