Девојка изгоре во опожарено ѓубриште
БИТОЛА - Дваесетгодишната Љузиме Алимовска од битолското село Жабени изгоре во пожар во дворот од семејниот дом во неделата попладне. Очевидци нема, па се претпоставува дека девојката, која со огнот се обидувала да се ослободи од ѓубриштето насобрано зад куќата, од невнимание се потпалила и изгорела. Јагленосаното тело го нашле нејзините родители.
Од полицијата велат дека на телото на починатата не се забележани траги на насилство. (А.Б.) |