Македонски граничар шверцувал дрога во Албанија
Вработен во македонската гранична полиција во саботата бил фатен со 4,2 килограми хероин во албанскиот приморски град Драч, соопшти тамошната полиција. Во операцијата „Тифози“, во автомобилот „фолксваген“, освен граничарот И.Н., биле уапсени уште и Д.Г. и Н.И., сите од Струга. Освен хероинот, полицијата заплени и 35.000 американски долари, 6.000 швајцарски франци, како и четири мобилни телефони.
Според првичните информации на истрагата, станува збор за меѓународна група шверцери, а крајната станица на хероинот требало да биде Италија. (Х.Р.) |