Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место
Македонија не сака да се оценува пред да го стори тоа ЕК

Тамара Грнчароска



Владата дипломатски молчи за тоа до каде е исполнувањето на условите за добивање датум за старт на преговорите со ЕУ, само штуро соопштувајќи дека сите институции работат на нивна реализација. На десет дена пред затворањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава кон ЕУ, на прашањето дали Македонија ги исполнува критериумите, вицепремиерот за европски прашања, Васко Наумовски, вчера одговори: „Исполнувањето на определниците го цени Европската комисија и ние не би ја презеле нивната улога“.

Наумовски вчера по средбата со претседателот Ѓорге Иванов, на која се разговараше за исполнувањето на критериумите, само кратко информираше дека на средбата со претседателот освен за најновиот напредок на Македонија во рамките на нејзиниот пат кон ЕУ, се задржале на реформите во правосудството и во администрацијата „како два процеса кои ќе се одвиваат во наредниот период и за чиј напредок беа направени определени чекори во изминатиот период“.

Деновиве новоименуваниот специјален претставник на Македонија во ЕУ, Дејан Ѓоршовски, пред да замине за Брисел информираше дека од поголемите работи од осумте определници, засега, незавршени се работите во делот на реформите во државната администрација и „некои други поситни работи“.

Во контекст на определниците, вчера, по редовната средба која странските претставници во земјава ја одржаа со премиерот Никола Груевски, холандската амбасадорка Симоне Филипини информираше дека тие биле брифирани за прогресот околу нивното исполнување, велејќи дека „може јасно да се види оти Владата работи многу за да се завршат работите и тоа засега е најважно“. Прашана дали Македонија ќе добие датум за старт на преговорите со ЕУ оваа година, Филипини кратко одговори: „Тоа не е на мене да одлучам“. „Како што знаете, Македонија има домашна задача што треба да ја заврши“, изјави Филипини, додавајќи дека „се' уште останаа неколку работи што треба да се завршат и останува на Комисијата да предложи, а потоа земјите-членки да реагираат“.

Во пресрет на извештајот од ЕК за земјава и можен датум за преговори, вицепремиерот Наумовски за тоа дали може да се очекува вето од Грција, рече дека „засега сме фокусирани на исполнување на определниците, а прашањето со Грција не е дел од тоа“.


#
Статијата е прочитана 317 пати.

Испрати комента��

Од: Kolo Diamantot
Датум: 05.09.2009 06:41:41
Arno si znae premierot i predsedatelot na Makedonia . Ne treba sve da znae narodot oti ovie od SDSM od vlakno ke napravat artoma so koj si imas rabota.
Од: bale
Датум: 05.09.2009 09:59:53
Eh,eve go povtorno Kolo RGJATA so komentar, Kolce,da znaes Evropa znae sto se slucuva vo Makedonija i deka dodeka vladee Grujo so Familijata,Makedonija ke dobie datum za pregovori na Kukovo leto... Fashten Kolo???
Од: pravda
Датум: 06.09.2009 10:57:54
Do Kolo Diamantot: ziti boga kazi koj te brusese pa stana diamant,ne e valjda Singo-star e,mozebi Latas ili Milenko,potencijalite ti se isti

Најди! во Утрински
На прво место
Петнаесет загинати, пет повредени, тројца исчезнати и 50 преживеани по потонувањето на бродот „Илинден“ (16
Потона брод во Охридско езеро, настрадаа околу 17 лица
Што ќе прави сега државата во спорот со ЕВН
Европа задоволна од измените во Законот за енергетика
Компромис за државните секретари
Неопределените водат пред ВМРО-ДПМНЕ и Груевски