Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место
Европа задоволна од измените во Законот за енергетика

Претседателот на Европската енергетска заедница, ЕЕЗ, Славчо Нејков, вчера оствари средба со вицепремиерот Владимир Пешевски и со претставници на „ЕВН Македонија“, на која се дискутираше за претстојните измени во Законот за енергетика, на што ЕЕЗ и' укажа на Владата кон крајот на јули.

„Ние сме крајно позитивно изненадени и сега сме оптимисти за развојот на настаните. Пред се', Владата покажа многу позитивен став за нашите прашања како и за различните мислења околу некои амандмани во Законот за енергетика. Второ, генерално се забележуваат позитивни, конкретни зафати на Владата. Како што сме информирани, Владата, поточно министерот за економија, Фатмир Бесими, неколку месеци работи на акциониот план за измени во Законот“, посочи Нејков.

Тој додаде дека претставниците на ЕЕЗ биле поканети од страна на Владата да дадат коментар за акциониот план, за кој Пешевски најавил дека Владата би можела да го прифати во наредните неколку седмици. Инаку, планот е во подготвителна верзија, во согласност со европските директиви и со Законот за енергетика.

На вчерашната средба било дискутирано и за евентуалните чекори што би ги презела Регулаторната комисија за енергетика. (М.Т.)


#
Статијата е прочитана 257 пати.

Испрати коментар

Од: Kolo Diamantot
Датум: 05.09.2009 06:34:43
EEZ bila krajno pozitivno iznenadeni za navremeno izvrsenite raboti od vladata na Makedonia . Razbirase koj e na vlast se raboti i po 24cas . Ovie nese kako predhodnite vladi sto rabotat po 8cas. i pak nezavrseno i Crvenkovski na edna i rece vremee da pocnis da rabotis neja imenuvam.

Најди! во Утрински
На прво место
Петнаесет загинати, пет повредени, тројца исчезнати и 50 преживеани по потонувањето на бродот „Илинден“ (16
Потона брод во Охридско езеро, настрадаа околу 17 лица
Што ќе прави сега државата во спорот со ЕВН
Компромис за државните секретари
Неопределените водат пред ВМРО-ДПМНЕ и Груевски
Македонија не сака да се оценува пред да го стори тоа ЕК