Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место

Компромис за државните секретари

По три дена жестока и тензична расправа околу амандманите на Законот за државни службеници на вчерашната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, како и на СДСМ, постигнаа компромис државните секретари во иднина да ги именува Владата. Мандатот на државните секретари завршува со престанување на владиниот мандат, односно со разрешувањето на органот што ги назначил. Со други зборови, државниот секретар и натаму останува политичка фигура иако во првичното решение беше предвидено тој да биде од редот на професионалните кадри.

За попладневната расправа остана уште да се постигне договор околу опфатот на државните службеници, но за ова прашање власта и опозицијата отидоа на дополнителни консултации. Опозиционерите бараат опфатот да не се уредува со посебна уредба на Владата, туку со посебен закон и државните ревизори да бидат изземени од администрацијата.

„Инсистираме додека трае амандманската расправа да го усогласиме опфатот на државните службеници. На амандманот на ВМРО-ДПМНЕ да се додаде дека се изземаат униформираниот дел од полицијата и одбраната и од Државниот завод за ревизија, но и тоа кој може да биде државен службеник да се реши со закон, а не со уредба на Владата“, инсистираше Владо Бучковски од СДСМ.

Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ рече дека владејачкото мнозинство досега покажало кооперативност. „Ни треба време за консултации со пратеничката група да го преиначиме амандманот и ваквото решение, а претходно за него се консултиравме со ’Сигма‘. ВМРО-ДПМНЕ досега покажа максимална конструктивност и ги прифативме без малку сите амандмани на опозицијата“, рече Бонева

Роза Топузова-Каревска, незадоволна од тоа што не биле земени предвид нејзините амандмани и амандманите на пратеничката група на ЛДП, демонстративно ја напушти седницата. „Работата на Собранието се претвори во договорна политика и не сакам да бидат заложник. Очекував министерот да види барем еден наш амандман“, луто реагираше Карева по што излезе од салата.

По неа заминаа и пратениците на Нова демократија Флора Кадриу и Абедин Зумбери, кои, исто така, беа незадоволни поради тоа што не им беше прифатен амандманот за правичната застапеност.

Со вчерашното усогласување на ставовите, атмосфера меѓу партиите на мнозинството и на најголемата опозициска партија се сменија, по што се очекува законот за државни службеници да биде донесен со консензус. (Св.У.)


#
Статијата е прочитана 448 пати.

Испрати коментар

Од: Rade
Датум: 05.09.2009 01:25:38
КАКВА ГЛУПОСТ! Па како тогаш ако државните секретари ги именува Владата, истите тие ќе бидат државни службеници? Тогаш државните секретари, како и министрите и замениците, се именувани лица а не државни службеници.И што тогаш бараат во Законот за државни службеници, со кој треба да се регулира статусот на СИТЕ државни и јавни службеници како и критериумите за избор, кариера, базирани на стручност. од особено значење е државните секретари да се ОТТРГНАТ од било каква можност за политичка манипулација и да останат дел од државната служба, ако сакаме компетентност и одржливост во работата на сите државни институции, без разлика која Влада дошла на влсат.
Од: Kolo Diamantot
Датум: 05.09.2009 06:50:43
Jas gi razbiram pratenicite vo parlamentot od VMRO deka maki macat so ovie razgalenite SDSM sekogas naniv ne mu e pogodeno i ubavo dae taka mora kontra da bidat sto znaci: krivo drvo nese isprava samo vo oginot.

Најди! во Утрински
На прво место
Петнаесет загинати, пет повредени, тројца исчезнати и 50 преживеани по потонувањето на бродот „Илинден“ (16
Потона брод во Охридско езеро, настрадаа околу 17 лица
Што ќе прави сега државата во спорот со ЕВН
Европа задоволна од измените во Законот за енергетика
Неопределените водат пред ВМРО-ДПМНЕ и Груевски
Македонија не сака да се оценува пред да го стори тоа ЕК