Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
На прво место
Неопределените водат пред ВМРО-ДПМНЕ и Груевски

Дури 52,4 проценти од граѓаните не знаат за кого би гласале или не би поддржале ниту една партија, во случај сега да се одржуваат парламентарни избори. И покрај огромната бројка на неопределени, на тие избори фаворити повторно би биле ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Никола Груевски, кои собрале најмногу поени во анкетата што ја реализираше Институтот за демократија од 1 до 3 септември.

Кога утре би имало избори, ВМРО-ДПМНЕ би водела во однос на СДСМ со 24,9 наспроти 9,5 проценти, а ДУИ би извојувала победа во албанскиот блок со поддршка од 7,1 процент, а Нова демократија и ДПА би биле во мртва трка, првите со 2,6 , а вторите со 1,9 отсто. Сите други партии спомнати во анкетите имаа поддршка помала од 1 процент, така што анкетата практично укажува на профилирање на само две релевантни политички опции во македонскиот блок.

Груевски и натаму е политичар кој ужива најголема доверба меѓу граѓаните - 26,1 отсто, иако и во овој случај над 50 проценти од испитаниците немале одговор или, пак, рекле дека не веруваат никому. Груевски води со голема разлика во однос на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, за кого се изјасниле 8,5 проценти од анкетираните. Потоа следуваат лидерите од албанскиот блок: Али Ахмети - 6,7 проценти, Имер Селмани - 2,9, Мендух Тачи - 1,4 и Руфи Османи - 1,1 процент.

Ниту една институција не добила поголема оценка од тројка. Странските организации се оценети со 2,96, а потоа се Владата и НВО-секторот, кои се изедначени со просек 2,95. Не заостануваат многу ниту претседателот - со оценка 2,78, Собранието - 2,55, опозицијата - 2,47, а на крај е судството - со просек 2,37.

Во оваа анкета се забележува извесен прогрес во рејтингот на претседателот, ако се има предвид дека на прашањето како се оценува работата на врвните политичари, тој добил повеќе позитивни отколку негативни оценки - 37,6 спрема 33,1 проценти. Од Институтот напоменуваат дека само Груевски и Иванов имаат повеќе позитивни оценки и дека другите политичари предизвикуваат повеќе негативен одиум кај електоратот.

И оваа анкета укажува на силната поддршка од граѓаните за евроатлантското интегрирање на земјава, бидејќи 83,9 односно 83,1 процент од испитаниците се изјасниле дека би гласале „за“ кога би се одржале референдуми за влез на Македонија во ЕУ и во НАТО. (А.М.М.)


#
Статијата е прочитана 1398 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 05.09.2009 00:29:59
Ako e se ova tocno, togas mozam samo da mu cestitam na Gruevski, i sto bi rekol nas narod "da mu simnam kapa". Pa stom e taka togas mu poracuvam na Grujo da si tera bez gajle i ponatamu, samo go zamoluvam malku poveke HRABROST da pokaze vo borbata protiv kriminalot, bidejki vaka ne ide veke. Ovie spektakli so apsenje na nekakvi si "organizirani grupi policajci" veke ne ne interesira. Daj nesto tamu okolu tebe kazi sto se slucuva, se mislam deka tamu okolu tebe nesto "smrdi" , i pak te ZAMOLUVAM, soberi HRABROST i "priredini eden spektakl" za koj stvarno ke ti kazeme BRAVO. Se drugo e mizi Asan, a za rejtingot ti cestitam uste ednas.(a treba i Banko da ti cestita)
Од: RAZOCARAN SDSMOVEC
Датум: 05.09.2009 00:44:20
Vlast se zema ne se dava. A so vakva uspana sdsm demek podnovena a stara,,bez idea samo so kazuvanje na aferi i tuzibabenje,bez prisutnost na liderot na tv i vesnici i konkretni cekori i koaliciranja nikogas nema da dojdeme na vlast.
Од: bramoni
Датум: 05.09.2009 01:20:49
Dobri se brojkite za nedoverba od 54 koma itn. Ama koi se tie maloumni i sto dobro vidoa od Gruevski? Drzavava navistina treba da vraboti tim od psihijatri za svoite marginalni gragjani( megju niv ima i nemarginalni debili). Aman!!!! Epten se iznervirav!!!! Uste ako Ace se javi utre i mu go objavite komentarot, nema povekje da citam "Utrinski".
Од: статистичар
Датум: 05.09.2009 02:28:06
Обична презентација на бројки, т.е. статистички проценти кои ништо не значат... мојот професор по статистика (Бог да го прости) своевремено викаше дека статистиката е иста како бикини - открива се, ама ништо не покажува...
Од: Kolo Diamantot
Датум: 05.09.2009 06:21:07
Ebee SDSM se ogledavteli za politickiot rejting duri kade ste na rang listata uste malce pa na dnoto a posle keve snema vopsto. Neve biduva za da vodite drzava edino da postanete kozari.
Од: kokan
Датум: 05.09.2009 06:58:15
Se pretvorivme vo zemja zaloznik na Rejtinzi.... tesko Makedonija... PO GLATA I KAPATA si rekol narodot, pa neka si TRAE SEGA.....
Од: mark
Датум: 05.09.2009 08:47:08
Jas sum ubeden deka rejtingot vo ovoj moment nee pogolem od !8 %.Panika go fati Grujo sega ke pocne da objavuva rejtinzi sekoja nedela posle sekoe secenje na lenta na selskite kokosarnici.Interesna rabota mu vleze vo glavata na covekot deka e naj ubav,naj dobar i sega tesko ja prifaka realnosta e pa moj Grujo ti sakas dasi Tito,Caves,Lukasenko,Stalin,Kastro no ti nemas ni stas ni glas da gi zamenis niv i pokraj tvojata zelba za vecno vladeenje soocise so realnosta ti si potprosecen politicar dobar manipulant koj postojano obekava a nisto ne ispolnuva,koj edno dava a dve zema taka nebiva krajot i tebe ke ti dojde ako si cist nese plasi ako imas kriminal bogami zamislise edvaj se ceka da ja vidime tvojata cesnost no ke se iznenadat i tvoite naj tvrdokorni obozavateli siguren sum vo toa imam informacii od prva raka.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 05.09.2009 08:48:23
Во наведување на процентите од рејтингот на партиите не го наведувате битниот факт да и кај ВМРО и СДСМ има намалување за некаде 5% визави предходната анкета, што значи да кај народот се појавува една заситеност од делувањето на овие две партии.Кај сдсмовците може да се јави бојазност и да неможат да го поминат изборниот праг од 5% а вмровците ќе се тешат дека три пати имаат повисок рејтинг од ,,клетите непријатели,, иако имаат опаѓањена рејтингот и кај партијата и лидерот.Се на се жолт картон за именуваните партии.
Од: Трпе.
Датум: 05.09.2009 09:15:20
Па и во Куба ,Кастро има рејтинг и Хитлер имал рејтинг па што.Каков народ таков владетел.Ако народот си е задоволен од владеењето на ЕПП владата ,тоа е супер.Па затоа човекот си троши парите замо за кампањи.Еве веќе три години и черек е во изборни кампањи.Ние му препорачувавме да не гледа по туѓите дворови и чоекот така си постапува.Што е важно соседите како работат и дали напредуват.Дома си е дома.Му признавам уште еднаш на рејтингот.Па тоа е по избор на граганите.Сигурно не заслужуваме за подобро.
Од: zlatko
Датум: 05.09.2009 11:09:50
Samo so pristignav od makedonija .imav vreme od 4 nedeli da vidam stvarno sto se slucuva vo makedonija, i navistina sum pozitivno iznenaden,barem tie raboti sto gi vidov i cuv.Sto e najvazno ima golema soobrakajna kultura kaj narodot.site opstini rabotat za svoe so pogolemo sreduvanje i prezentiranje.Besplatni ucebnici i prevoz za ucenicite. Mnogubrojni reklami za odnesuvanje na javni mesta i okolina sto nazalost mnogu odamna ni falese..i red dr raboti,,mozam slobodno da kazam BRAVO.. Ne sum pripadnik ili simpatizer na nitu edna partija,bidejki nemam pravo da glasam .
Од: Viktor
Датум: 05.09.2009 11:33:04
Eee komunjarcinja,sitni tranzicioni profiteri i drugi postari'zasluzni gragani' se ubivte od burek jadenje po forumi i prsti iskrsivte od postovi i pak 25:9. Ke skapete u opozicija!!!!!!
Од: Tom - Avstr.
Датум: 05.09.2009 11:41:15
Sto sakate da kazete so naslovot na statijata ,,neopredelenite vodat pred VMRO-DPMNE i Gruevski,,, da ne slucajno tie pri eventualni izbori ke se opredelat kon SDSM , e da znaete potcrtajte debelo deka epten se lazete i epten ste zabegani , zivi da sme pa ke vidite.So vasite potezi obraten efekt postignuvate - zapamtete dobro.
Од: zabegan.
Датум: 05.09.2009 19:19:59
ако така одлучиле повеќето.Нека вие со СРЕЌА.Кој ќе преживе ќе раскажува,Провалиата во која ве води ГВУЈО е длабока.
Од: zemjodelec
Датум: 05.09.2009 22:43:48
Ako e vistina anketata ,togas neka nie gospod na pomos.DPMNE ima dovolno glasaci vo administracijata i komunalcive koi se na naroden trosok.A toa sto propadna stopanstvoto i propaga drzavata na kogo mu e gajle ,vazno na sekoj nacin da se bide na vlast.
Од: filip
Датум: 05.09.2009 23:16:59
da da sigurno, nemoj da bide kako za bratot Ljube,celo vreme 1% - 2% i na kraj bratot dobi doverba od 15% :) cista manipulacija so brojki,se ova e platena i namestena rabota(moe mislenje) pozz
Од: patriot
Датум: 06.09.2009 00:47:50
uste mnogu decenii ke citame vakvi naslovi osobeno po mediumu bliski do SDSM !Da ZIVEE VMRO-DPMNE I NIKOLA GRUEVSKI
Од: lapo
Датум: 06.09.2009 06:27:41
Мислам дека процентот на неопределените ќе оди до 95%, 5% ќе останат за окорелите Грујовисти и луѓето кои уживаат во плодовите на нивното владеење, но повеќе од јасно ми е дека немаме капацитет како народ за држава од причина што немаме способни кадри од било која партиска припадност, и разочарувачки е фактот да 95% од вработените во државните служби, царина, полиција, здравство, Просветата на високите школи е до гуша КОРУМПИРАНО...Од нас држава едноставно не бива...

Најди! во Утрински
На прво место
Петнаесет загинати, пет повредени, тројца исчезнати и 50 преживеани по потонувањето на бродот „Илинден“ (16
Потона брод во Охридско езеро, настрадаа околу 17 лица
Што ќе прави сега државата во спорот со ЕВН
Европа задоволна од измените во Законот за енергетика
Компромис за државните секретари
Македонија не сака да се оценува пред да го стори тоа ЕК