Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

За најдобрите рудари ќе има награди

Иван Бојаџиски

ШТИП - Министерот за економија, Фатмир Бесими, ќе ги наградува најдобрите рудари. До сите позначајни македонски рудници Министерството за економија испрати допис во кој од нивните раководства бара да ги достават имињата на најдобрите рудари. Во писмото се вели дека министерот Фатмир Бесими на 27 август ќе организира прием за највредните рудари од македонските рудници и ќе им врачи пригодни признанија за нивниот ангажман за економскиот просперитет на земјава.

Средбата со најдобрите работници во „Саса“, „Бучим“, „Злетово“, „Тораница“, „Фени“ и некои други рудници министерот за економија ќе ја има по повод 28 Август, Денот на македонските рудари.

Во рудниците овој потег на министерот е примен со големо задоволство.

„Министерот прави потег за почит и со тој чин му дава вистинско значење на трудот на рударите, чија професија е најтешка и се одвива во специфични услови“, изјави Максим Прохоров, директор за инвестиции и развој на „Саса“.

Николајчо Николов, заменик-генерален директор во рудникот за бакар „Бучим“, гестот на министерот Бесими го оценува како мошне пријатно изненадување.

„Три години руската компанија ’Солвеј‘ го менаџира овој рудник и секоја година на 28 август ги наградуваме нашите најдобри работници. Но, кога за такво признание се залага еден министер, тогаш тоа е знак дека некој надлежен во државава силно го цени трудот и му дава посебно значење“, вели Николов.

И во компанијата „Индоминерали и метали“, во чија сопственост се рудниците „Злетово“ и „Тораница“, исклучително го ценат овој потег на министерот Бесими, зашто, како што ни рекоа, идејата доаѓа од првиот човек на нивното ресорно Министерство.

Во компанијата сметаат дека овој чин претставува голема стимулација за рударите кои ќе ги следат своите најдобри колеги.

Токму во рудникот „Злетово“ во Пробиштип ќе се одржи централната прослава на Денот на рударите. Најстариот рудник во Македонија годинава го слави јубилејот 80 години од почетокот на работењето.

„Индоминерали и метали“ ја продолжи поранешната традиција да ги наградува своите најдобри работници. Во двата рудника признание ќе добијат шестмина рудари, флотери и одржувачи, а со признанието следува и награда од по 10.000 денари.

Еден ден порано, пред најдобрите рудари да бидат примени кај министерот за економија, Синдикатот на работниците во индустријата и рударството организира дебата за Законот за бенефициран стаж. Согласно со овој закон, сите рудници имаат обврска да ги утврдат работните места на извршителите, според тежината и сложеноста на работата. Се смета дека рударите треба да имаат бенефициран работен стаж. Досега такви елаборати направиле рудниците „Саса“ и „Бучим“, а во тек на изработка се и во рудниците „Злетово“ и „Тораница“.

Маре Анчева, ге��ерален секретар на овој синдикат, вели дека во спомнатиот закон имало повеќе аномалии во однос на прашањето за бенефицираниот стаж на рударите.


Статијата е прочитана 94 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Планините горат, тендерите за противпожарни возила задоцнија
Државата ќе собере 3 милиони евра од казните за средно
Најниско ниво на Преспанско во последните сто години
Војна меѓу градоначалникот и Советот на Неготино
Отруени еден тон риба во Пчиња кај Куманово
На државните универзитети слободни 18.500 места
Патот Дебар - Маврово в недела затворен за сообраќај
Спомен-обележје за македонските бранители од 2001 во Велес
Казни за загадувачите на околината во Велес
Општините ќе градат и ќе реновираат јавни тоалети

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.