Патот Дебар - Маврово в недела затворен за сообраќај
ДЕБАР - Поради санација на Ростушки Мост, во близина на селото Ростуше и манастирот „Свети Јован Крстител“ (Бигорски манастир), в недела, ќе биде затворен регионалниот пат Дебар - Маврово. Од „Македонија пат“ информираат дека патот ќе биде затворен од 10 до 16 часот, а сообраќајот ќе биде пренасочен кон Струга. Овој зафат е во рамките на проектот за проширување и реконструкција на делницата Бошков Мост - Жировница. Проектот вреди 4,5 милиони евра, а патниот правец што досега беше во лоша состојба се проширува од пет до девет метри. (МИА) |