Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

На државните универзитети слободни 18.500 места

В понеделник и вторник е првиот рок за запишување прва година додипломски студии на државните универзитети во 2008/2009 година. На четирите државни универзитети во Македонија има околу 18.500 места за нови студенти.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје има 8.950 слободни места. Студентите што ќе се запишат во државната квота треба да платат надомест, кој главно изнесува 200 евра, но за некои студии е 100, 300 или 400 евра. Најнискиот износ за кофинансирање е 250 евра - за класични студии, а највисокиот е 1.200 евра - за општа медицина.

На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола слободни се 3.391 место. Најмногу места, според Конкурсот, има за Техничкиот факултет. Најскапа за студентите со кофинансирање на Универзитетот во Битола е студиската програма за безбедност и финансиска контрола, која чини илјада евра. Најниска цена за кофинансирање на Битолскиот универзитет е 300 евра за тригодишни студии за фармерско производство.

На Државниот универзитет во Тетово има места за 3.340 студенти. Според Конкурсот, најмногу места има за англиски јазик и литература на Филолошкиот факултет и за педагогија на Филозофскиот факултет. Уписот на овој Универзитет е од 25 до 28 август.

На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип слободни се 2.833 места. Најмногу слободни места се резервирани за Економскиот факултет и за Факултетот за информатика. Надоместот за редовните што ќе ги финансира државата тука е 200 евра, а цената на кофинансирањето е 400 или 500 евра.

Основен критериум за селекција на кандидатите е успехот постигнат во средното образование. Од вкупно сто поени, за општиот успех по сите предмети се добиваат максимални 60. Успехот од државната матура се вреднува со најмногу 40 поени. Рангирањето на кандидатите ќе го прават конкурсни комисии на одделни факултети. Пресметката на поените е појаснета во конкурсите објавени на веб-страниците на универзитетите. Кандидатите кои полагаа државна матура во август ќе ги добијат резултатите во почетокот на идниот месец. На факултетите каде што ќе останат слободни места тие може да се пријават во вториот уписен рок, на 15 и 16 септември. По потреба, на универзитетите ќе има и трет уписен рок на 6 октомври. (МИА)


Статијата е прочитана 339 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Планините горат, тендерите за противпожарни возила задоцнија
Државата ќе собере 3 милиони евра од казните за средно
Најниско ниво на Преспанско во последните сто години
Војна меѓу градоначалникот и Советот на Неготино
Отруени еден тон риба во Пчиња кај Куманово
Патот Дебар - Маврово в недела затворен за сообраќај
За најдобрите рудари ќе има награди
Спомен-обележје за македонските бранители од 2001 во Велес
Казни за загадувачите на околината во Велес
Општините ќе градат и ќе реновираат јавни тоалети

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.