Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Војна меѓу градоначалникот и Советот на Неготино

Советниците бараат централната власт да му ги одземе надлежностите на градоначалникот

Ангел Данов

НЕГОТИНО - Војна во која има многу политика, но и многу пари се води меѓу градоначалникот на Неготино, Ѓорѓи Ќимов, и општинскиот Совет. Нетрпеливоста меѓу завојуваните страни во локалната самоуправа на Неготино, која трае два месеца, стигнаа до точка на вриење.

На вонредна седница што се одржа завчеравечер советниците побараа од Министерството за локална самоуправа да му ги одземе сите надлежности на градоначалникот, а пак, од Министерството за финансии да ја прогласи Општината за финансиски нестабилна и да именува државен повереник.

Советниците се лути поради тоа што градоначалникот не ја почитувал нивната одлука за суспендирање на сите финансиски активности за кои не им е даден отчет. Тие го обвинуваат градоначалникот дека со голема брзина ја турка дивоградбата Музеј на виното. Но, Ќимов со поинаков став - дека советниците се главните кочничари за успешното работење на Општината.

Претседателот на Советот, Тодор Кулаков од ВМРО-ДПМНЕ, изрази сомневање дека градоначалникот извршил многу незаконски дејства во Општината.

Советот е незадоволен, затоа што градоначалникот не ги спроведувал неговите одлуки. На вонредната седница, советникот Блажо Јанакиев од граѓанската листа на советници најави неколку кривични пријави против градоначалникот, бидејќи се сомнева оти неготинскиот буџет е фалсификуван.

И сопартијците на Ќимов од редовите на СДСМ се противат на неговото работење. Поранешниот претседател на неготинскиот Совет, Горан Ангелов, вели дека градоначалникот, наместо да назначи началници, главен сметководител, ревизор, функциите ги извршувал самиот. Ангелов се чувствувал понавредено од сите неготинци, бидејќи директно учествувал во изборот на градоначалникот Ќимов. Тој само поради партијата гласаше воздржано за заклучоците. И советникот од ЛДП, Јордан Шијаков, кој исто така беше воздржан, оцени дека тие заклучоци биле кочница за развојот на градот. Двајца сопартијци на Ќимов ја напуштија седницата пред гласањето.

„Не може да се бара прогласување финансиска нестабилност на општина која е меѓу најдобрите во државата. Ќе градам и со 500 на час, бидејќи благодарение на домаќинското работење има доволно пари во буџетот“, вели Ќимов. Тој нагласи дека неколку новопечени транзициони газди и уште неколку пропаднати бизнисмени од Советот сакаат да го девалвираат, но дека нема да им успее тоа. Притоа обвини дека согласно со ревизорскиот извештај, советниците требало да вратат над 500.000 денари кои незаконски им биле исплатени.


Статијата е прочитана 311 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Планините горат, тендерите за противпожарни возила задоцнија
Државата ќе собере 3 милиони евра од казните за средно
Најниско ниво на Преспанско во последните сто години
Отруени еден тон риба во Пчиња кај Куманово
На државните универзитети слободни 18.500 места
Патот Дебар - Маврово в недела затворен за сообраќај
За најдобрите рудари ќе има награди
Спомен-обележје за македонските бранители од 2001 во Велес
Казни за загадувачите на околината во Велес
Општините ќе градат и ќе реновираат јавни тоалети

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.