Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Казни за загадувачите на околината во Велес

ВЕЛЕС - Општина Велес почна со примена на новиот Закон за управување со отпад, кој пропишува строги казни за загадувачите на животната средина. Инспекторите на Општина Велес во соработка со СВР-Велес неделава ги изрекоа и првите четири казни за несовесните граѓани кои со фрлање отпад ја загадуваат животната средина.

Инспекторите, кои заедно со СВР-Велес секојдневно се на терен, два месеца само ги опоменуваа прекршителите, а сега санкционираат.

Казните се движат од 30 евра во денарска противвредност за оставање и фрлање амбалажа, догорчиња, храна, пластичен отпад, искористени вoзила, електрични уреди, батерии, акумулатори до 200 евра за палење отпадни гуми, масла... на патиштата и во природата.

Од Општина Велес апелираат до граѓаните совесно да се однесуваат спрема животната средина. Оттаму предупредуваат дека за несовесните ќе се изрекуваат парични казни за секој прекршок. (МИА)


Статијата е прочитана 113 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Планините горат, тендерите за противпожарни возила задоцнија
Државата ќе собере 3 милиони евра од казните за средно
Најниско ниво на Преспанско во последните сто години
Војна меѓу градоначалникот и Советот на Неготино
Отруени еден тон риба во Пчиња кај Куманово
На државните универзитети слободни 18.500 места
Патот Дебар - Маврово в недела затворен за сообраќај
За најдобрите рудари ќе има награди
Спомен-обележје за македонските бранители од 2001 во Велес
Општините ќе градат и ќе реновираат јавни тоалети

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.