Број 3029  вторник, 07 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Триста берачи на вишни во Делчево се пожалија на труење

Во очекување на резултатите од анализите на храна, сомнежот паѓа на печурки

Иван Бојаџиски

ШТИП - Околу 300 берачи на вишни ангажирани од делчевската фирма „Рудине“ доцна прексиноќа се пожалија на болки во стомакот по што побарале помош во локалниот Здравствен дом. По прегледот, кај педесетина од нив биле утврдени симптоми на труење, а кај единаесет лица симптомите биле со загрижувачки димензии поради што биле транспортирани во Општата болница во Штип.

Според Епидемиолошкото одделение во Делчево, најголем дел од овие лица немале никакви здравствени тегоби, но кај нив се јавиле откако дел од берачите се пожалиле на големи болки во стомакот. Сомневајќи се на труење од храна, се обратиле во здравствената установа во овој град.

Откако во делчевскиот Здравствен дом било констатирано дека кај единаесет лица биле присутни поизразени симптоми на труење, тие итно биле префрлени во штипската Општа болница. Во првиот момент се посомневале во храната која вечерта околу 20 часот им била сервирана во мензата на „Рудине“ на берачите на вишни, кои за да заработат денар дошле на делчевските плантажи од Струмица, Виница, Радовиш, Кочани, Берово и од Штип. Вечерата се состоела од јајца, пиперки и сирење. Првичниот заклучок на здравствените работници бил дека вечерата не можела да биде причина за труењето. Имено, од истата храна вечерале уште 80 работници кои извршувале други работи во „Рудине“.

Додека во штипската болница не се дојде до сигурен наод за причините за труење, сомневањето паѓа на печурките кои во моментно ги има многу на планината Голак и на Малешевски Планини. Имено, вчерашниот ден бил слободен за берачите на вишни, а голем дел од нив таа поволност ја искористиле за да заминат во планините во потрага по разни шумски плодови. Сепак, за ут��рдување на причините за едно од најмасовните труења во источниот дел од државата, епидемиолозите од Штип зедоа примероци од храната и водата.

Фирмата „Рудине“ своевремено купи дел од поранешниот ЗИК „Сандански“ во Делчево каде што е подигнат еден од најголемите насади на вишни во Македонија. Поради тоа, секоја година оваа фирма ангажира повеќе стотици работници во фазата на берење, но досега таму не се случил ни најмал инцидент.


Статијата е прочитана 537 пати.

Испрати коментар

Од: Македонија
Датум: 07.07.2009 00:29:48
За вечера пиперки,печурки и штогодилаци,па обесетего тој газдата.Какви луѓе има во оваа наша проклета земја,лоши,кога ке умрат сигурно на нивниот гроб кучиња ке вршат измет.А,пред да умрат ’газдите’славни сигурно неке има ни вода кој да им подаде.Абе така и со робовите од африка не се однесувале...Тоа е све за да однесеш на некој остров како Големиот град,змии низ уши да му влагаат на тој проклет газда...само од него не бидува газда.Албанските газди што е најубаво им даваат на нивните вработени,или Македонци кога работат кај нив,абе не сте луѓе проклето племе од некаде сте дојдени...По се изгледа требе да се проброиме во Македонија..ова од некаде е донесено племе ни албанци ни македонци се,па дури и кај роми да работи некој подобро ке ги нахранел..Ј“зак.

Најди! во Утрински
Насловна
Партискиот клуч ги меле работниците
Во насилства во Кина загинаа 140 лица
Зденко
Нимиц го сослушува државниот врв
Охрид скап и полупразен
Дедо Михаил заборавен од МПЦ
Препишувачи во Владата
Трагедијата на Матка отвори многу прашања
Шок-терапија или кукавичлак
Тетовец почина од убод на стршлен
Шарена Македонија
Владо Димов приведен на аеродромот во Варшава