Број 3029  вторник, 07 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Партискиот клуч ги меле работниците

Маја Томиќ

Дали работодавецот политички ве тероризира ако припаѓате или сте симпатизер на различна партија, дали трпите различен психички притисок на работното место, ве малтретираат ли затоа што сте дошле од провинција, дали сексуално ве уценуваат и дали, на крајот, сепак, мора да молчите и се' да трпите, затоа што во спротивно - може лесно да добиете отказ? Многумина би одговориле потврдно барем на едно од поставените прашања. Значи, тие се жртви на мобинг, болест на современата цивилизација. Се' уште непозната за повеќето Македонци, нејзината „промоција“ во земјава започнува сега. За разлика од многу западни земји, кои пред повеќе децении донеле посебни закони за заштита на работникот од разните понижувања на работното место, во земјава сега се започнува со такви активности.

Првиот чекор го направи Сојузот на синдикатите на Македонија, кој заедно со фондацијата „Фридрих Еберт“ најпрво направи анкета и брошура, а сега започнува да подготвува и предлог-законско решение за мобингот. Првичните резултати од анкетираните 510 вработени се поразителни. Дури 41 процент се изјасниле како жртви на мобинг, а забележителни триесет проценти рекле дека трпат политички притисоци од своите претпоставени, т.н. мобери. Најмал процент изјавиле дека се подложни на сексуално или на физичко малтретирање.

Дали овие резултати треба да не' зачудат? Ако се има предвид дека европскиот просек за мобингот е околу 25 проценти, тогаш - да. Но, ако се знае дека кај нас политиката, односно политичката определба, ја има пресудната улога, особено при вработувањето, тогаш резултатите од анкетата се објективни и не треба воопшто да не' чудат.

За разлика од поголем број земји од Европа и од светот, каде што политичката припадност на работникот нема пресудно значење при неговото вработување или, воопшто, за успехот на бизнисот на компанијата, кај нас повеќе од очигледно е дека многу вработувања, посебно во администрацијата и во јавните претпријатија, се врши според партиски клуч. Истовремено, зад речиси секој отказ во државна институција, исто така, се крие некоја партиска местенка. Веќе на прсти можат да се избројат симпатизери или членови на опозицијата кои се на јавни функции.

Така, многу симптоматично е како ќе заврши апелот на ССМ во подготовките на законот за мобингот да ги вклучат и Владата и другите институции, како и невладините организации. Како ќе стане борец против мобингот оној што ја иницира неговата појава? Синдикатот во својата брошура за мобингот апелира работниците прво да му се обратат него за помош ако се жртви на притисоци. И тоа е в ред. Но, онаму каде што има синдикално организирање и каде што синдикатот не функционира во интерес на работодавецот (има многу такви примери). За жал, многу фирми, посебно приватните, немаат синдикати од кои би побарале помош.

И што им останува на работниците во меѓувреме додека се подготви и (да се надеваме) се донесе законот против мобинг? И понатаму да трпат, да имаат главоболки, несоница, хроничен замор, депресија, да ја губат мотивацијата за работа, да бидат апатични и депресивни и, секако, непродуктивни. За жал, во земја со 350 илјади невработени и со практика на партиски вработувања, секој повеќе би избрал да живее со мобинг отколку без него. Односно, секој повеќе би одбрал да ја задржи работата, по цена на здравјето, отколку да остане без неа. Знаејќи дека на пазарот на работна сила во секое време можат да си најдат нови мобинг-жртви, моберите токму оттука ја црпат својата сила. Притоа заборавајќи дека улогите лесно може да се сменат, особено со изборите. Па, денешните мобери утре да станат жртви на мобинг.


Статијата е прочитана 1775 пати.

Испрати коментар

Од: Бербер
Датум: 07.07.2009 07:39:18
Насловот ви е многу убав. Дали сами го измисливте или некој ви помогна?
Од: Petre
Датум: 07.07.2009 08:53:31
ima i Mobing ama ima i drugo ... skrien kurvarluk..imeno koga nekoja rabotnicka ke posaka Beneficii (koj ke ja raboti polosata rabota,koj koga na odmor) vo odnos na druga koleska, ke mu legne na gazdata ili sefot.. Ima kaj nas nesto drugo mnogu poloso, ednostavno vo privatna firma gazdata ke zaposli kup bliski rodnini koj ke dremat i 1-2 ca koj treba da rabotat za site.. ova a i Mobingot ke se resi samo togas koga ke ima dovolno rabota..
Од: Verag
Датум: 07.07.2009 12:37:27
Законот ништо нема да им помогне на жртвите се додека има ваква невработеност. Инаку малтретирањето тешко се докажува, а има и скриено кое се состои во постојано омаложување и вреѓање.
Од: Monty Python
Датум: 07.07.2009 12:45:36
Дали ова значи дека Заспаната Грдотија, која заспа во `80-те одеднаш почна да се буди, или повторно се работи за увезен подвиг кој е всушност на фондацијата „Фридрих Еберт“? Она што ни синдикатот (а можеби Фондацијата) нема да го осознаат е дека најлошо поминале оние кои се партиски Неопределени и се обидуваат да останат Луѓе! Тие нема ни да ја помирисаат можноста да бидат Мобирани (во превод Малтретирани)... Токму како кај Monty Python, кога врзаниот со главата надолу, му завидува на оној во прангии со главата нагоре!
Од: trajkova gordana
Датум: 07.07.2009 12:59:19
za da bides zrtva treba prvo da znaes za sto se zrtvuvas i sto dobivas od toa, mobing ima no toa e zatoa sto nema sloga i sto sme plaslivi i nesvesni za posledicite

Најди! во Утрински
Насловна
Во насилства во Кина загинаа 140 лица
Зденко
Нимиц го сослушува државниот врв
Охрид скап и полупразен
Триста берачи на вишни во Делчево се пожалија на труење
Дедо Михаил заборавен од МПЦ
Препишувачи во Владата
Трагедијата на Матка отвори многу прашања
Шок-терапија или кукавичлак
Тетовец почина од убод на стршлен
Шарена Македонија
Владо Димов приведен на аеродромот во Варшава