Голем успех на македонската пијанистка Ирина Наумовска во Луцерн
Македонската пијанистка Ирина Наумовска постигна голем успех на 12 јули, настапувајќи како солист со симфонискиот оркестар Camerata Schweiz од Цирих, Швајцарија, под диригенство на маестро Хауард Грифитс од Лондон.
Концертот се одржа во преполната престижна концертна сала ККЛ во Луцерн, а беа изведени: увертира од Л. В. Бетовен, „Прометеј“ , концертот за клавир и оркестар од Феликс Менделсон во Г-мол оп.25 и симфонија бр. 3 во Д–дур од Франц Шуберт.
Ирина Наумовска досега има посетувано бројни мастер-класи и музички семинари, каде што работела со професори и уметници, како што се Хироко Накамура, Арие Варди, Мишел Бероф, Владимир Вијардо, Наум Старкман, Мати Раекалио, Павел Нерсесјан, Ноел Флорес, Владимир Троп, Арбо Валдма и Жени Захариева.
Има голем број успешни меѓународни концерти, фестивали, рецитали, натпревари и мастер-класи во многу земји низ светот: Франција, Малезија, Куала Лумпур, Пекинг, Италија, Грција, Чешката Република, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Мароко, Австрија, Руската Федерација, Шведска, Португалија, Шпанија, Јапонија и САД. (Н.П.) |