Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

„Kamerata Tirana“ и „Австралија“ на „Скопско лето“

На „Скопско лето“, вечерва на Факултетот за ликовна уметност – Сули-ан, со почеток во 20.30 часот, концерт ќе одржи Камерниот оркестар „Kamerata Tirana“ од Албанија, а солист и шеф на оркестарот е Фредерк Лароуе од Франција. На програмата се дела од: Антонио Вивалди, Ричард Штраус и П. И. Чајковски.
Фредерк Лароуе е роден во музичка фамилија 1964 година. Тој многу рано започнува да вежба виолина, со што се докажува неговата зрелост. По завршување на музичките студии за музика и танц во Париз и по добивањето на првата награда за камерна музика во 1981 и прва награда за виолина продолжува со неговата работа во Соединетите американски држави во Индијана, каде работи како професор и тоа како голем професионалец. По неговото враќање во Франција се придружува на Националната Опера во Париз каде многу брзо станува одличен виолинист. Покажува голем интерес и воодушевување за Камерната музика и тоа е причина да се придружи во Квартет со Гајди во 2004 година и со нив настапува во Франција и странство. Во 2008 станува член на „Стринг трио Борсарело“.

Во Забавниот парк „Луна“ вечерва во 21 часот ќе се прикаже филмот „Австралија“. Станува збор за романтична воена драма, во траење од 165 минути, а во режија на Баз Лурман. Улогите ги толкуваат: Никол Кидман, Хју Џекмен, Брајан Браун, Дејвид Венам, Брендон Волтерс. Филмот има номинација за Оскар, 2 награди и 2 номинации за филмската критика на Австралија, награда за најдобар млад артист итн. „Австралија“ е љубовна сторија во егзотичните пространства на најмалиот континент. Англиска аристократка во предвечерието на Втората светска војна доаѓа во Австралија за да го продаде наследениот имот... (Н.П.)


Статијата е прочитана 164 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Голем успех на македонската пијанистка Ирина Наумовска во Луцерн
Музејската дејност е деградирана
Уметниците во дворот на „Света Софија“. Парите се поважни
Изложба „Крапино 2008“ во Велес
Гран-при за Славе Ѓорго Димоски во Романија
Фантастичен спој на новото и старото време во Карлови В��ри