Број 3038  петок, 17 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Гран-при за Славе Ѓорго Димоски во Романија

Во конкуренција од дваесетина поети од Европа, Димоски ја доби наградата за своето целокупно поетско творештво

Поетот Славе Ѓорго Димоски е награден со Гран при за европска поезија на 13. меѓународен фестивал „Поетски ноќи“, кој од 9 до 14 јули се одржа во романскиот град Куртеа де Аргеш, со учество на поети од сите континенти.

Во конкуренција од дваесетина поети од Европа, Димоски ја доби наградата за своето целокупно поетско творештво. Во најтесниот избор за признанието покрај Димоски, биле уште двајца поети од Кипар и Полска. Наградата се состои од плакета и статуета, а вклучува и објавување избор од неговата поезија на романски јазик.

Покрај европските поети, на фестивалот учествувале и поети од останатите континенти, освен Африка, така што наградата Гран при за светска поезија му било доделено на хонконшкиот поет Александар Мартинес.

Славе Ѓорго Димоски досега има добиено повеќе домашни и меѓународни награди и признанија. Ова признание е меѓу најзначајните, бидејќи се однесува на целото творештво на авторот, а преку него се презентира и афирмира македонската поезија и литература, но се презентира и Република Македонија. Позначајни признанија на Димоски се „Браќа Миладиновци“ на „Струшките вечери на поезијата“ и „Златно јаболко“, кое го доби во Загреб за збирката „Последните ракописи“.

Поезијата на Димоски е преведена на повеќе јазици. Така, пред 15 дена во Анкара, Турција излезе од печат на турски јазик избор од поезијата на Димоски под наслов „Зборови и вода“. Преводот на турски јазик е на Есад Бајрам, а изборот под овој наслов за првпат е објавен во 2000 година од „Макавеј“ и се состои од избрани песни од осум книги на Димос��и. Карактеристично за овој избор е што песните не се поместени хронолошки како што се објавувани книгите, туку е направен нов распоред според тематски и стилски карактеристики на песните, така што книгата може да се чита како сосема нова книга. „Зборови и вода“ на турски јазик беше промовирана на 7 јули во трускиот град Елзиг на поетскиот фестивал „Поетски вечери на езерото Хазар“.

Во моментов, „Зборови и вода“ се преведува на француски јазик и со тоа овој наслов е објавен на три јазици, заедно со турскиот и бугарскиот превод. На руски јазик е преведена книгата „Мајчин јазик“, а одделни песни и поетски циклуси од Димоски се преведени на дваесетина светски јазици. (Н.П.)


Статијата е прочитана 127 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Голем успех на македонската пијанистка Ирина Наумовска во Луцерн
Музејската дејност е деградирана
Уметниците во дворот на „Света Софија“. Парите се поважни
Изложба „Крапино 2008“ во Велес
„Kamerata Tirana“ и „Австралија“ на „Скопско лето“
Фантастичен спој на новото и старото време во Карлови Вари