Број 2938  вторник, 17 март 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Скопје

Возење низ град во автобус на приградска линија се плаќа 45 денари

Независно дали ќе се возат во делот на првата зона, односно само неколку станици низ градското подрачје, граѓаните кои ќе се качат во некој од автобусите што сообраќаат на приградските линии, мора да платат цена што важи за втората и за третата зона. Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ објаснуваат дека патникот плаќа 45 денари ако се вози во автобус на која било приградска линија, иако можеби ќе слезе само по две станици, а доколку помине од втората во третата зона, пак, тогаш плаќа 55 денари.

Вака од ЈСП одговараат на реакцијата на граѓани кои се нашле затекнати кога возачот им наплатил 45 денари, иако тие се возеле само низ градското подрачје. Од претпријатието појаснуваат дека е тенденција жителите од градот да ги користат градските автобуси, кои и почесто сообраќаат за разлика, од оние кои се насочени кон селските подрачја.

„Секаде во светот каде што има тарифен систем во јавниот градски собраќај патникот ја плаќа утврдената цена по зони. Кај нас системот е утврден од градските советници и тој мора да се применува. Според него, дури и кога патникот има месечен претплатен билет за градски линии, со него може да се вози само во автобусите во првата зона. За другите зони тој мора да си плати билет по цената која е важечка за втора или за трета зона“, објаснува Иле Георгиевски, директор на техничкиот сектор во ЈСП. (Сн.К.)


Статијата е прочитана 356 пати.

Исп��ати коментар

Од: Павле
Датум: 17.03.2009 01:35:10
Се додека ЈСП Скопје го управуваат неспособни кадри од СДСМ, ЈСП Скопје никогаш нема да оди напред.
Од: redoven patnik
Датум: 17.03.2009 11:24:44
Profesionalec imase ama bese kaznet od aktuelniot gradonacalnik zatoa sto bil na stranata na Nikola i negovata vlada...Sega ke vidime dali se pameti ili zaborava? Nikola ne zaboravaj profesionalnosta se pocituva sega e vreme da se dokaze toa.... site go sakaat parceto od kolacot ama toa se grebatori a ne profesionalci...

Најди! во Утрински
Скопје
Поддршка на синдикатите на ЈП
Кандидатите во Сарај сакаат вистински урбанизирана општина
Топлинска енергија од „Дрисла“
Проширување кај Тутунски комбинат
Проект „Урбан развој на Скопје“