Тито Петковски: Проект „Урбан развој на Скопје“
Стратегии за разрешување на урбано-еколошките проблеми и нови пристапи во планирањето како симбиоза на економијата и животната средина, се елементи од проектот „Урбан развој на Скопје“, што вчера го презентираше кандидатот за градоначалник на Скопје, Тито Петковски. „Земјиштето околу градот мора да се третира како најголема вредност и да се користи само за значајни јавни објекти и инфраструктура. Треба да се спречи хаотичното развивање на индивидуалниот станбен простор“, рече Петковски, сугерирајќи нов генерален план за град Скопје, изработка на просторен план на Скопската Котлина и формирање единствен центар за водење урбана политика на градот Скопје. (МИА)
|