Лазар Еленовски: Поддршка на синдикатите на ЈП
Кандидатот за градоначалник, Лазар Еленовски, најави дека доколку ја добие довербата на граѓаните постојано ќе се грижи и тесно ќе соработува со градските јавни претпријатија.
„Ќе работиме на подобрување на работните услови за вработените и модернизација на претпријатијата, што ќе доведе до поголема ефикасност, а се' со цел подобро да се искористат нивните капацитети“, рече Еленовски по средбата со синдикатите на јавните претпријатија, потенцирајќи дека ја поддржува идејата за здружување на синдикалните организации. (МИА) |