Во Подгорица и во Скопје се води слична дебата: како е можно граѓаните толку да веруваат во власта и покрај лошата економска состојба
Не се знае што си кажаа премиерите на Македонија и на Црна Гора, Никола Груевски и Мило Ѓукановиќ кога во петокот се видоа во Скопје, зад светлата на камерите. Но, во последно време впечаток е дека лидерите на двете поранешни југословенски републики би можеле да имаат повеќе заеднички теми за муабет, надвор од вообичаените разговори за соработката меѓу нивните држави.
Навистина политичката траекторија на црногорскиот премиер полесно би можела да се ��пореди со патот што во изминатите две децении го одеше социјалдемократот Бранко Црвенковски, поради нивната генерациска блискост, тајмингот во кој ја почнаа политичката кариера, преминувањата од едната на другата функција во извршната власт (премиерската и претседателската), припадноста на исто политичко семејство. Исто така, во последно време се' погласно се лицитира со можноста Ѓукановиќ да ја напушти политиката, како што се шпекулира и за Црвенковски. Пред извесно време, Црвенковски беше во Црна Гора кај Ѓукановиќ, со кого се сретнаа како лидери на две сестрински партии - СДСМ и ДПС.
Во петокот Ѓукановиќ дојде во Скопје да се види со Груевски.
Неколку дена пред неговата посета на нашата земја, медиумите во Подгорица објавија анкета на Центарот за демократија и човекови права (ЦЕДЕМ), според која 57 отсто од граѓаните на Црна Гора се задоволни од досегашниот успех на Владата, а премиерот Ѓукановиќ, иако не е прворангиран, се' уште е политичар со мошне висок рејтинг.
Ваквите резултати отворија дебата слична како таа што пред неколку седмици се водеше во македонската јавност, по анкетите на ИРИ и на "Дневник, кои покажаа дека премиерот Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ и натаму водат на листите на популарноста, и покрај влошувањето на клучните параметри за државата.
" Како е можно граѓаните толку да веруваат во Владата и институциите и покрај лошата економска состојба", е прашањето на кое се обидоа да најдат одговор црногорските медиуми. Аналитичарот на ЦЕДЕМ, Милош Бешиќ изјавил дека довербата во институциите расте во екстремни кризи, бидејќи граѓаните се плашат дека можат да изгубат се'. Според него, граѓаните се покритични кога живеат добро.
"Кога земјата тргнува на подобро, граѓаните се послободни. Колку е повисок економскиот стандард, толку тие се покритични и обратно. Економскиот развој го зголемува степенот на критика за сите, па и за овие прашања".
Аналитичарот посочил и дека за големата доверба во Владата заслужна е големата поделеност во земјата и екстремниот антирежимски став во некои кругови, бидејќи поддршка од граѓаните не може да се добие само со критики на Владата, туку и со нудење на аргументи и решенија. "Луѓе кои немаат свој став и живеат некој свој живот, кога ќе видат радикални изјави се плашат од тоа и бегаат кон институциите на системот...".
Да не се знаеше дека ваквите "дијагнози" ги дал црногорски аналитичар и дека тие се однесуваат на состојбите во неговата земја, многумина, можеби, ќе помислеа дека ова е уште една од многуте експертски анализи за состојбите во нашата држава.
Груевски, на пример, во септември, кога даваше отчет за сработеното во изминатите четири години, го подели своето владеење на два периода - пред и по глобалната економска криза. При тоа, тој посочи дека вториот период, откако рецесијата почнала да се чувствува и овде, му бил еден од најтешките во кариерата. Ако тоа требаше да биде аргумент за релативизирање на економските неуспеси на власта, премиерот, очигледно, ја постигнал целта. Бидејќи, анкетите покажувааат дека, и покрај се', тој се' уште е најпопуларен политичар во државава. (А.М.М.)
По се изгледа одговорот лежи во некадарната,безидејна и никаква опозиција и таму и тука.И народот таму и тука ја гледа алтернативата на власта па одбива да и верува на опозицијата.Има ,,мала,, разлика од таму и тука.Таму на опозицијата не и паѓа на памет да прави патувачки востанија.Таму нема внатрешни пресметки со неистомислениците, нема по митинзи закани кон нив.Таму се надеваат само на изборна победа.
Од: virtuelen svjet
Датум: 25.10.2010 13:56:58
pa normalno grujo ima rejting najgolem,45 posto nezaposleni,6000 hiljadi denari plata,najskapa struja i telefon vo evropa,nesiguran zivot za idnininata za nasite deca,ne se znae sto ke bide so ova vestacka drzava od 1945.luge nemat sto da jadat a toi stava bikovi,kravi lavovi majmuni luge koi se borele za grcija i bugarija i sto ne drugo.napred gllujo......
Од: do felix
Датум: 25.10.2010 13:58:04
Не феликс, ни сега не си во право. Не е крива безидејната опозиција, криви се луѓе како тебе, што мислат со главите на својте претпоставени.
Од: koskar
Датум: 25.10.2010 14:42:24
aman be, ФЕЛИКС, citas li sto si napisal? stvarno ne mi je jasno koku pari zemas za uslugite kon partijata.. verojatno mnogu...
Од: Ози
Датум: 25.10.2010 14:58:25
Би го дополнил Феликс: И таму и ваму на власт се мафијаши.
Од: Mudrec
Датум: 25.10.2010 16:25:48
Znaci opozicijata ni e super, ama bidejki sme siromasni i pod teror, pak ke glasame za vlasta. Namesto vie kako pro-SDS medium da izlezete so svezi idei kako vasite ljubimci bi se vratile na vlast, vadite smesni teorii koi ja baraat vinata nasekade, osven tamu kade sto navistina e - vo besperspektivnosta koja ja nudi SDS.
Од: sime
Датум: 25.10.2010 16:44:45
Imeto na nacijata e presudno za rejtingot na premierot.
Од: Трпе
Датум: 25.10.2010 17:22:14
Наш мистер мр Рејтинг ,ѓи има собрано сите екстремни ,негативни карактеристики од сите поранешни и сегашни владетели.Радувајте се македонски народе.Од глаата си патиме.
Од: karokan "gambit"
Датум: 25.10.2010 17:30:28
Interesno od pette n(5) dosega objaveni "komentari",kako takov edinstveno mozam
da go prepoznam vtoriot na nekoj virtuelen svjet.
(Si kazal covekot sto misli i gotovo).
Od ostanatite cetiri (4) prviot e udiranje so glava vo zid (verojatno betonski-armiran),a ostanatite trojca,
pretpostavuvam od humani pricini, se obiduvaat
da go priosvestat.(go ptslaknuvaat blago po obrazite,verojatno go potprsnuvaat i so vodicka).
Dzabe-do felix,koskar i ozi,toj takov si e uste pred da udri vo zidot.
Eve,da se oblozime!!!Vece utre ce bapne nekoj drug zid i toa podebel i nikomu nisto.
Nesto slicno na eden poranesen JU sparing bokser.Za bedna sumicka po deset pati e vo nokdaun za vreme na treningot na glavniot bokser.
Duri mu pominalo i vo navika-zavisnost od udarite!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: 3G
Датум: 25.10.2010 18:05:54
Makedonija ne mozela da opstane bez EU i NATO, pa kade bese i neli opstana ovie dve dekadi? Grcite i zapadot ke si igraat majtap so makedonskiot narod vo sorabotka so makedonskite politicari se dodeka ne se ostvari narodnata volja na referendum koj bi go prekinal ovaa ludilo. "Lojalnost i doverba vo edinstvenata MAKEDONIJA e nepobedlivost, se drugo e poraz"(BI).
Од: nacional-patriot
Датум: 26.10.2010 04:36:54
Izgleda kako intelegencijata na onoj ili onaa so psevdonim virtuelen svjet e vestacka,no so greska.Ne se pisuva svjet.Znaci i Slovenija e vestacka drzava bidejki e togas formirana.
Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 26.10.2010 07:26:06
Мафијашите како и во Јужна Америка со пари и ситни поклончиња создаваат поддржувачи и си го креваат рејтингот...Слично и со политичкиве мафијаши...ЖАЛНО што овој народец сеуште СПИЕ......а веќе станува доцна....на**авме...со ова мафиозиве...
Од: Буџетар
Датум: 26.10.2010 08:26:01
Не е закана, кога на криминалците им се кажува дека ќе ги снајде она кое е одмерено со закон за криминалците. Грујо не може како Ѓука, нема море. Инаку и тој би правел исто. Но, затоа Грујо има Буџет.