Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter

Си велам

Претседателе, како сте?

Ерол Ризаов

Кога ќе ја преземете вистински својата функција?

Почитуван претседателе Иванов, одлучив јавно да Ве прашам како сте. Како Ви оди работата и како сте со здравјето. Можам да видам дека сте качиле некое кило. Склоноста кон дебелеење е ужасно чувство. Ги имам истите проблеми и постојано сум на некакви диети, ама нема резултат. Се' сум подебел. Гладувам по неколку месеци, а само за една недела недисциплина и олабавување се враќа килажата. Мала утеха е што мојата предност е во тоа што не ме следат толку камерите како Вас. А тие, пак, идиотски направи не с��мо што се' регистрираат туку и дезинформираат, качуваат по некое кило повеќе отколку што навистина тежи човек. Кога ќе се видам на ТВ, се чувствувам како некој бонвиван кој нема основна култура на правилна исхрана. Велат, треба пешачење и потење. Изгледа слабо трчаме претседателе. Губиме кондиција.

Нејсе, сепак, сакам да ве потсетам на нешто позначајно од тоа колку тежиме. Нешто за совеста и етиката иако е тоа многу растеглива категорија во политиката и во новинарството. Се случува нешто многу чудно, поврзано директно со Вашето претседателствување. За она што зборувате јавно малку се пишува и се слуша. Она за што молчите, а излегува од Вашиот Кабинет, се претвора во првокласна сензација. Гледам молчејќи добро одработувате за компромитација на Вашиот претходник, поранешниот претседател на Македонија. Уапсете го конечно Бранко Црвенковски и сите ќе бидеме раат. Тој е најголемиот непријател на Македонија и виновник за сите несреќи и зла што се надвиснале над нашата земја. Безобѕирно потрошил еден куп евра за некаква си стратегија. Ем расипник ем дрзок, а богами и многу наивен. Арчел немилосрдно пари, а ви оставил во кабинетот уредна документација како и зошто го направил тоа. Пази богати, сдсмовче, а не е мангупче.

Како и да е, уште пред да се разводени оркестрираната кампања против лидерот на опозицијата, непријателот број 1 на Македонија, веќе се гледа дека Вашето учество во тоа не прилега на еден претседател. Но, сепак, извлечете поука, па не правете ја истата грешка како Вашиот колега Црвенковски. Кога ќе си заминете од функцијата, земете ги сите документи за тоа како сте ги трошеле парите и никој нема да знае каде отишле. Вашиот буџет сигурно не е помал од оној на Црвенковски. Или, пак, Вие мислите за ништо да не трошите пари. Не е лошо да погледнете досега колку сте поарчиле. Во политиката е како и во животот, тоа што правите - тоа ќе ви го прават. Можат еден ден и Вас да ве обвинат за што и да ги потрошите парите. Кај нас тоа е барем лесно.

Паметам, на Вашата прва средба со главните уредници и носечки новинари на македонските медиуми, во новата прекрасна резиденција на Водно, тогаш прилично решително соопштивте дека една од Вашите агенди за време на мандатот ќе Ви биде да се подобри рејтингот на македонското новинарство дома и во светот. Беше тоа искрена и храбра изјава. Не верувам, професоре, дека во тој момент не знаевте колку е тоа тешка работа и колку медиумските слободи засегаат и зависат од сите процеси на економски, демократски и на културен развој на едно општество. Да се создаде амбиент и услови медиумите да станат совест на општеството, седма сила, или четврта власт, како вообичаено со популарен јазик се нарекуваат јавните гласила, значи дека државата се движи напред кон просперитетни, развиени и демократски општества. Тогаш, претседателе, Македонија беше на пристојно 34. место на рејтинг-листата на угледната меѓународна медиумска асоцијација „Репортери без граници“. Зад нас беа многу поразвиени земји. Се разбира, не бевме задоволни од ваквата позиција и ние, новинарите, како и Вие, иако, рака на срце, тоа сега од бунарот во кој паднавме изгледа како извонреден резултат. Денеска, една година по средбата со Вас, Македонија на истата рејтинг-листа е на 68. место. Зад нас се само државите каде што ги убиваат новинарите.

Не Ве чувме, а, за жал, и не Ве прашавме да го кажете своето мислење на што се должи тоа и зошто една од Вашите работни обврски, како што самиот ја најавивте, претрпе катастрофален неуспех. Лично мислев дека поради влошената состојба во медиумите, Вие, претседателе, немате никаква вина, ама сега гледам дека добро одработувате главни теми во весниците како да сте главен уредник на повеќе весници и телевизии наеднаш. Но, да ја оставиме оваа тема додека малку не се разбистри работата. Ќе правиме за тоа муабет кога ќе излезат на површина гадинките.

Неприфатливо е, претседателе, да молчите за значајни општествени теми што можат да прозвучат како критика на власта и на опозицијата, или да предупредат на загрозување на демократските процеси, за човековите права и слободи. Претседателе, молчите и за меѓуетничките тензии, за јазикот на омраза во меѓупартиските пресметки, за галопирачката сиромаштија, за падот на цената на човечкиот живот. Тоа се теми што излегоа од Вашата агенда, иако сте избран на општи избори, што значи дека имате мандат да бидете претседател на сите граѓани. И тие што гласале за Вас и против Вас и тие што воопшто не гласале. Претседателе, многу сум изненаден што самиот избравте позиција од која повеќе внимавате на партиската агенда на ВМРО-ДПМНЕ и на премиерот Никола Груевски отколку на загрозените слободи и деградацијата на демократијата. Позицијата претседател на сите граѓани, гледам, не Ви е голем предизвик. Таму многу дува и мора да се работи машки. Се разбира, тоа е многу потешко кога е на власт партијата на која припаѓа претседателот, или која го кандидирала. Претседателе, зошто не се изјаснувате ниту за прашања кои се во директна Ваша надлежност, како што е, на пример, деградирачкиот буџетски третман на Армијата. Молчите и за драматичните промени во организацијата на работа на службите за разузнавање, за барањата на власта за законски олеснувања при прислушување на граѓаните, за непочитување на одлуките на Уставен суд, за јавно омаловажување на уставните судии и притисокот врз нив. Тоа не смеат да бидат табу-теми за Вас. Рокот за чувство на благодарност кон оние што Ве ставија на листата на избори како претседателски кандидат одамна е истечен. Последен час е да ги покажете своите вистински квалитети што ги поседувате, особено во областа на демократијата и правната држава. Ако не го направите тоа, самиот се обезличувате и се спуштате на просек што не соодветствува на Вашите можности. Мора да е многу тешка таа улога. Кохабитација со премолчување на грешките на власта не е добра кохабитација. Тоа е штетна кохабитација.

Дозволете, јавно да Ве прашам кога Вие, претседателе, ќе ја преземете вистински својата функција. Ќе знам дека тоа се случило оној ден кога ќе осамнат жестоки критики против Вас во провладините медиуми. Пред тоа ќе мора нешто да одработите и како претседател на сите граѓани. Ако не го направите тоа, ќе ве избрише историјата. Тоа сигурно го знаете.


#
Статијата е прочитана 3034 пати.

Испрати коментар

Од: dr
Датум: 29.10.2010 12:33:36
Разумно молчење си е разумно молчење.
Од: Трпе
Датум: 29.10.2010 12:38:33
На председникот Ѓоле,супер му е.Тоа се гледа по неговата става.Иако човекот треба да истера уште четри божиќни празници.Треба малку и да спортува,но овие од владата не му дозволуват да си ѓи вежба и вилиците да зборува малку појасно и поотворено.А ова со аферата за Црвенковски е нормална работа.Па дали немало ден кога не се лансирале нови афери.Кога не сме способни да решаваме многу по значајни проблеми,јавноста ја замајуваме со скечеви.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 29.10.2010 12:56:54
Почитуван Ризаов добар вие советот за земање документацијата за залудно потрошени средства за реклами.Опозицискиот лидер да го стореше тоа ќе немавме информации за страница реклама 2.4оо евра.Знаете да најскапо е неискористеното, да фрлиш пари а да ескивираш изборен дуел.Инаку и вашиот весник би се спасил од тужба за објавеното за лидерот на опозицијата.
Од: VALTER
Датум: 29.10.2010 13:27:06
Sram i propast za narodot MAKEDONSKI
Од: sveto
Датум: 29.10.2010 13:55:32
Ne razbiram sto e celtanaovoj komentar. Pa pretsedatelot Ivanov e na ista partiska linija i izbran e kako kandidat na VMRO-DPMNE. Toj ne se soglasuva so stavot na g. Rizaov koj gi zastapuva partiskite gledista na SDSM i zatoa nema zosto da reagira kako sto toa od nego go bara Rizaov. Ocigledno ne saka dago smeni stavot i misli deka nema zosto. Prosto ko bel den.
Од: b
Датум: 29.10.2010 14:07:27
Џабе, Г-дине Ризаов. Кому кажувате, кому пишувате? Ништо нема да Ве разбере. Кога попот нема работа, крсти јариња. Кога Претседателот нема работа, се бави со ниски работи. Ако! Кога се среди во нашава држава, кога ја дотера Македонија по европски терк, нема веќе што да се реформира, кога ја уништи корупцијата, економијата цути, луѓето веќе незнаат што побрзо да сработат, богатсво, процвет блика на сите стран...И што сега да праи Претседателот.
Од: samsarboy
Датум: 29.10.2010 14:08:38
ja procitav samo prvata recenica od tvojata kolumna. da ti dadam odgovor: NIKOGAS. veruvam deka ima sto da se procita vo nea. ama dosta e i ova. poz
Од: коментатор
Датум: 29.10.2010 14:27:15
Никогаш не смее опозицијата а нарочно СДСМ да заборават што се им прават.Кога ќе дојдат на власт ќе треба да ја заборават нивната политика на толеранција што ја водеа со години ,се во интерес на државата, и да формират служба што ќе ги открива сите нивни криминални трансакци,не на илјади евра туку на МИЛИОНИ евра , за кои ќе треба да лежат по сто години.Ќе дојде и тој ден и тоа многу побрзо отколку што се и свесни!
Од: Внимателен читател
Датум: 29.10.2010 14:45:25
До Свето. така e госп. Свето. Само треба и претседателот како и Вие да признае дека е Претседател само на симпатизерите на ВМРО и ке нема проблеми. Другите и онака на се важни.
Од: pop
Датум: 29.10.2010 15:04:41
e toa e novinarstvoto da si pogruva so se i sekogo a pred nikogo i za nisto da ne odgovara.po toa se gleda diktaturata vrz mediumite i sloboda na govorot
Од: trajanka
Датум: 29.10.2010 15:14:58
Angliska kralica so mnogu gafovi! Ako si dobar profesor ne znaci deka si dobar politicar. Negoviot temperament ne e za politicar, toj ne broi do 5 . I da saka da kaze nekoj stav posle go demantiraat od negoviot kabinet. Ali poslednata pari mu vredeshe , kako mozeshe obrakajneto vo ON da mu bide na makedonski? zarem tolku ne znaeshe da nauchi eden tekst na angliski na pamet? A za parite ako ima gospod ke vidime cii konsultasnki kuki gi plakame sega . i nekoj si tamu spomna beganje od duel? pa ti dali si svesen koj bega od duel celi 5 godini ?
Од: Феличита
Датум: 29.10.2010 15:42:13
Eдинствено нешто што смее президентот наш да направи е да отиде до кујната,што е видливо со голо око!
Од: Mapkoc
Датум: 29.10.2010 15:56:52
Тоа што г. Ризаов бара од г. Иванов овој не може да го стори. Грешката е во материјалот од кој е создаден, па тој факт не можат да го променат ниту Обама ниту ОН. Сепак, во недоглед треба да му се кажува дека е историјата немилосрдна и кон оние кои држат „свеќа„.Замислете следен сценарио. Легалниот председател со помош на својата партија и иљадници корумпирани луѓе и медиуми, однатре, систематски ја разорува државата, нејзините институции - од Уставниот суд до најмала полициска станица. Работата на легалните тела на власта, со помош на своите „војници„ и мајоризација, ја подредува спрема своето сфаќање за нивно функционирање, кршејки ја секојдневно законската процедура. Земјата рапидно тоне, таа е до гуша во криминал и корупција, во неа владее мафија, која ја сочинуваат токму луѓе од криминалот, тајкуни и други опскурни лица, всушност подземје, со кое се премрежени речиси сите легални служби, министерства итн. Земјата е на пат кон распаѓање. Ова сценарио се случи во скоро минато во
Од: Trpe 2
Датум: 29.10.2010 16:30:15
Erol mnogu ubavo si napisal.No veruvam deka ti e jasno deka tuka nisto ne moye da se napravi.
Од: Zoran
Датум: 29.10.2010 17:00:36
Kako ste Vie G-din Rizaov? So isto pobrakjanje i sum jas do Vas. Koga Vie kje pocnete da bidete nepristrasen novinar na koj se sto e na vlast mu preci. Toa e odlika na partiski platenik i poltron za zal, od Vas ocekuvav mnogu povekje cenekji go Vasiot intelektualen kapacitet. Zosto Vam bi Vi smetala informacijata za archot sto go napravil BC? Zosto namesto takov nepristoen komentar ne se zaprasate kolumnisticki zosto tolkav odliv na sredstva kon 3 lugje koi ne se nasi drzavjani. Pa zarem e potrebno PR strategija na najvisokata institucija vo drzavata STRANSKI lica da mu ja pogotvuvaat? I zosto objavata na seto toa Vi smeta? Pa zarem ne ste svesni deka samite ja unistuvate slobodata na mediumite so pisuvanje na tekstovi koi se vsusnost bez poraka i samo go otslikuvaat dolnoto nivo na koe e stignatono novinarstvoto vo MK. Zarem mnogu povekje Vi znaci finansiskata nadoknada odkolku zadovolstvoto da mu ovozmozite na citatelot realen prikaz na slucuvanjata?
Од: Jim Angleton
Датум: 29.10.2010 17:04:53
Feliks, sramota e da se pravis na Toso i da glumis ludilo, zemajki go vo obzir besramnoto trosenje na segasnata vlada za reklami, propagandi, kampanji za sekakvi gluposti! Vo toj slucaj - VMRO - Ovcite treba da visat na plostad za milionite evra NARODNI PARI sto otidoa vo nepovrat - samo za bildanje rejting na Golemiot Vodic so Lopata vo Raka!
Од: db
Датум: 29.10.2010 17:53:40
Odlicna kolumna, kakov stil, vcudoneviduva. Samo nashiot ni takanaterecen Pretsedatel dali ke moze da ja razbere. Se nadevam deka 2'-casovnite "rabotniciti" ke mu ja "prevedat" kako shto treba... pozdrav
Од: karokan "gambit"
Датум: 29.10.2010 20:47:31
Vo feljtonot Makedonsko-bugarski istoriski kontraverzi mi padna vo oci antimakedonskata kampanja, so najdolna vulgarizacija, na nekoja (velat najpoznata) bugarska humoristicna grupa.Sto ne im padnalo na um na akterite na ovaa grupa da ja omalovazat, navredat i na najponizuvacki nacin prestavat nasata republika i nejzinata politicka vrhuska,pred se togasniot Pretsedatel Gligorov,no ne bile postedeni i ostanatite. Vi se molam najdete ja razlikata pomegju aktivnosta na taa "humoristicna" gupa i nasiot Felix.Mislam ,duri ,deka vo odredeni segmenti gi nadminuva .(Ne znam dali dosega nemal ponuda za ucevstvo vo emisiite na grupata).Ako nemal,neka se prijavi,sigurno ce dobie odredena uloga,osven ako grupata vece ne e tolku aktivna na poleto na naseto omalovazuvanje poradi bitno promenetite politicki okolnosti,ne kaj niv,tuku kaj nas.(Vo vcerasniot napis vo istiot feljton i javno bese obelodeneto nesto takvo). Na Sveto (gospodar,no ne na "Prstenite",tuku na gluposta) vece nekoj mu
Од: Професорка
Датум: 29.10.2010 21:14:15
Просто ми е чудно и смешно што почитуваниот г-дин Ризаов пишува на културен начин за една личност која можеби само одамна била личност. Да прифатиш кандидатура за Претседател знаејќи си ја специфичната тежина, да промениш партија за да го спасиш братот со криминално досие од затвор, да гувееш како млада невеста пред еден м-р Грујо, да бркаш сега вештерки таму каде ги нема, да си глув и слеп пред корупцијата во неговата партија, да го потценуваш сиромешниот народ кој те гласал, за каков морал на обичен човек станува збор, а камоли за највисок функционер. Г-не Ризаов премногу сме фини како народ. Ова не е веќе време за наша “финоќа“. Не доведе Жорж заедно со фамилијава на дното.
Од: Bavcandjiluk i rekreacija
Датум: 29.10.2010 22:06:23
Ne znam zosto pisuvate neseriozni tekstovi. Se obracate kon Ivanov da se angaziral za unapreduvanje na slobodata vo novinarstvoto, unapreduvanje na demokratskite i opstestvenite procesi pa i vo ekonomijata, pa duri da reagiral na kratenjeto na bidjetot za ARM , kako nejzin Vrhoven komandant.Da gi ispolnuval obvrskite i zadacite kako pretsedatel na site gradjani !? Za Djole toa se "spanski sela" i nepoznaninici. Edina zadaca e da procita i kaze ona sto ce mu se napise od kabinetot na Grujo, da si uziva , da ima dobar apetit, da si"krka" i nabiva kilogrami. Videte samo za edna godina kolku vo tezina dobi. Na covekot ce mu go zapustat zdravjeto od jadenje.Ce mu ja zgolemat masnotijata vo krvta i ce mu progredira arteriosklerozata. Dajte barem ako ne drugo neka go stavat na dieta.ili neka vo" beliot dvorec " mu napravat nekolku leicki so cuski, domnati i zelencuk, onaka covekot za zabava nesto da raboti, bidejci druga korist od nego nema.
Од: ace
Датум: 30.10.2010 10:07:43
zole muva ne go lazi ,toj samo si uziva na vodno si go hrani sarplaninecot ,a za makedonija zosto da se sekira koga go ima grujo

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (17)
Ибарска магистрала
Фестивал на комедијата во Гевгелија
Отсега сметките ќе се плаќаат и преку банкомат
Секс-скандал со мароканска тинејџерка
Бранко Наумоски стан прв човек на Уставен
Светот го гледам со срцето, не со очите
Колку сме - толку сме
Кина направи најбрз компјутер на светот
Моќта на постхумните виртуелни дуети
Шницлата на раздорот
Фросина“ домаќин на француски филмови
Во викендите се распослува алтер-егото
Гола со бебе за „Венити фер“
И Швеѓаните загрижени за нашите азиланти
Му истетовирал пенис без да знае
Иди ми, дојди ми, на кафе на „Фејсбук“ пројди ми






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries