Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter

Отсега сметките ќе се плаќаат и преку банкомат

Стопанска банка ги претвора банкоматите во мали филијали и сите сметки ќе се плаќаат преку банкомат, без провизија

Соња Маџовска

Заврши ли, конечно, времето на големи турканици пред банкарските шалтери? Стопанска банка вчера објави дека ги претвора банкоматите во мали филијали, преку кои ќе може да се плаќаат разновидни сметки. Очигледно многубројните критики од граѓаните ги натераа и домашните банки да размислуваат европски, па Стопанска банка излезе со нов проект таканаречен „и-банкинг“.

Тоа значи дека од 1 ноември корисниците на дебитните и на кредитните картички од Стопанска банка ќе можат да плаќаат сметки за телефон, интернет, телевизија, струја, вода, парно преку банкомат, и тоа без провизија. Ќе може и да се префрлаат средства од една сметка на друга во самата банка, да се плаќаат рати за кредит, но доколку се спроведува трансакција од Стопанска во друга банка тоа ќе мора и натаму да се прави преку интернет или на шалтер. На банкоматите ќе се добиваат и извештаи за состојбата на картичките. „Мотото под кое се промовира банкомат-банкарството е секогаш да сте први на ред. Тоа значи 24 часа да бидете први не само при вадење готовина, туку и при плаќање и пренос на пари од банкоматите на Стопанска банка“, истакна вчера Глигор Бишев, директор на Стопанска банка. Според него, досега 25 отсто од клиентите на банката, кои имаат трансакциска сметка, го користат интернет-банкарството.

„Практично, трансакциите ќе бидат многу едноставни за употреба“, уверуваат од банката. Постапката е едноставна.

„Самиот банкомат ќе ве води низ операциите што ќе треба да ги направите. Како и досега, се внесува пинот на картичката, а потоа се избира видот трансакција. За плаќањето сметки ќе треба да се внесе компанијата на која и' плаќате, бројот на фактурата, месецот за кој се плаќа, по што на екранот ќе се појави информација колку треба да платите. Доколку се точни податоците само ја потврдувате трансакцијата“, објаснуваат од Стопанска банка.

Колку ќе биде едноставно да се прифати овој начин на плаќање ќе покаже времето, но се очекува долгите редици пред шалтерите и нервозата да ги натераат македонските граѓаните брзо да ги прифатат овие новини.

Досега помислата дека треба да се оди в банка да се платат сметки или рата за кредит ги вадеше граѓаните од кожа, особено во деновите кога се подигнуваа пензиите. Тие денови во банка се чека и по еден час.

За разлика од кај нас, во европските држави одамна се применува банкомат- банкарството. Тоа ја елиминира можноста за појава на редици во банките, се' е автоматизирано, па така 24 часа може да се плаќаат сметки, да се подигнуваат и трансферираат пари на банкомат. На Европејците фактички воопшто не им се потребни банкарски службеници. И Бишев вчера истакна дека поради воведувањето „и-банкарство“ ќе се намали потребата од шалтерски работници.


#
Статијата е прочитана 1582 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 29.10.2010 12:13:34
Makedonija e zemja na informaticari, sekoe dete ima kompjuter, neznam kolkav ogromen procent na domacinstvata imaat internet. A makedoncite neznaat deka smetkite mozat da se placaat od doma, preku Internet.!
Од: Свилени Ракавици
Датум: 29.10.2010 12:13:43
Преку банкомат може на запад веќе 30 години. А преку нет веќе 15 години нешто што уште е мисловна именка во МК. Неможеш ни кредитот на мобилен да си го наполниш преку нет.
Од: vesna
Датум: 29.10.2010 12:36:11
super
Од: јас
Датум: 29.10.2010 17:59:36
Сите заговараат плаќање преку интернет , ама никој да каже колку таквото плаќање е ефтино... Конкретно , имам сметка од фирмата во Комерцијална банка.За да можам да ги плаќам налозите преку интернет треба да платам еднократно 150о денари и потоа за секој налог ПОЛОВИНА од сумата сто би ја платил на шалтер...И која е пазарната логика да плаќам преку интернет???
Од: kemal
Датум: 29.10.2010 20:10:03
sega ima po vise krazbi za toae napraven vaka
Од: Sam
Датум: 30.10.2010 09:53:49
Најдобро би било (како во странстов) да се има можност фирмата на која и должам пари автоматски од мојата сметка да си ги подига. Така да дома да ми дојде само сметката. Значи воопшто да не морам да одам до банка или автомат. Овде во Германија таа функција се вике "Bankeinzug".

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (17)
Ибарска магистрала
Фестивал на комедијата во Гевгелија
Секс-скандал со мароканска тинејџерка
Претседателе, како сте?
Бранко Наумоски стан прв човек на Уставен
Свет��т го гледам со срцето, не со очите
Колку сме - толку сме
Кина направи најбрз компјутер на светот
Моќта на постхумните виртуелни дуети
Шницлата на раздорот
Фросина“ домаќин на француски филмови
Во викендите се распослува алтер-егото
Гола со бебе за „Венити фер“
И Швеѓаните загрижени за нашите азиланти
Му истетовирал пенис без да знае
Иди ми, дојди ми, на кафе на „Фејсбук“ пројди ми






Macedonia begins rally season with little promise of real change
'Enlargement Strategy' criticises lack of media freedom in Western Balkans
'Big Four' political parties to form Bosnian government