Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter

Поглед

Колку сме - толку сме

Димитар Чулев

Во политиката два плус два не мора да биде четири... а попис на население не мора прецизно да ја изрази бројката на вкупното население во една земја, етничката припадност, вероисповедта.

Така барем „пресметаа“ одредени политички кругови, кои уште пред да почне пребројувањето закажано за април, се обидоа да го релативизираат резултатот на најобемната статистичка операција, се разбира, доколку бројките не се совпаднат со тие што ги посакуваат.

Не е познато во математиката дека броењето и едноставното собирање зависи од јазикот, етничката припадност ��а оној што брои и собира, а особено не од функцијата што ја извршува.

Но, ако се прави обид да се подметне сомнеж дека некој ќе се обиде преку штелување резултатите да одземе (бадентерови) права на уставно признато малцинство, тоа е срамна теза. Како што се срамни и заканите за бојкот... Затоа и дебатите на тема попис кога тема воопшто и нема, заличеа на правење сметка без крчмар.

Сметачите без крчмар не треба да се водат од искуството во блиското соседство каде што мајоризацијата од мнозинскиот народ е прецизна политичка стратегија, асимилацијата на малцинствата се дел од фолклорот, а правото на различност се смета за ерес. Тоа се земји што одбегнуваат да ги потпишат или да ги спроведат меѓународните конвенции за малцинствата и, реално, заостануваат векови зад мултикултурноста, која со децении ја демонстрира Македонија.

Основната функција на попис на население е да се види колку сме, а тоа сакаат да го знаат и господата од ЕУ, кои ќе помогнат се' да мине во ред. Сите поинакви математики можат само да прикажат дека „не сме токму “!


#
Статијата е прочитана 1525 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 29.10.2010 14:05:45
Vo sekoj slucaj ,ke bide mnogu mnogu interesno kakva "procentualna matematika" ke se upotrebi na popisot. Edino sto ke bide tocno e brojkata deka sme okolu 2 miliona. Se drugo ke se dogovara.
Од: Др. мед. Крсте Н.поп/Стефанија
Датум: 29.10.2010 18:11:38
Денеска по втор пат ќе се изјаснам за одлична поука за самобендисаните политичари кои се мислат дека се сезнајковци? крсте поп-стефанија

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (17)
Ибарска магистрала
Фестивал на комедијата во Гевгелија
Отсега сметките ќе се плаќаат и преку банкомат
Секс-скандал со мароканска тинејџерка
Претседателе, како сте?
Бранко Наумоски стан прв човек на Уставен
Светот го гледам со срцето, не со очите
Кина направи најбрз компјутер на светот
Моќта на постхумните виртуелни дуети
Шницлата на раздорот
Фросина“ домаќин на француски филмови
Во викендите се распослува алтер-егото
Гола со бебе за „Венити фер“
И Швеѓаните загрижени за нашите азиланти
Му истетовирал пенис без да знае
Иди ми, дојди ми, на кафе на „Фејсбук“ пројди ми






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries