Моника Белучи
Гола со бебе за „Венити фер“
Занесната 46-годишна актерка Моника Белучи позираше со своето бебе сосема гола за насловната страница на „Венити фер“. Малечката Леони Моника ја роди пред пет месеци.
Убавата Моника навела дека се „чувствува блажено како зрела крушка“, а споменатата насловна страница ќе се најде во книгата портрети на актерката, настаните во изминатите 20 години. „Фотографирањето е начин на себезапознавање“, смета Белучи, која воопшто не се плаши од стареењето, туку и понатаму е исклучително горда на своето тело и облините.
Комбинацијата на голотија и мајчинство не и' е туѓа на Моника. Во 2004 година, кога беше бремена со своето прво дете, исто така, позираше гола за насловна страница, а во текот на бременоста со Леони, позираше во секси црна долна облека. |