Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter

Фељтон

Македонско-бугарски историски контроверзии (17)

Валкана антимакедонска кампања

Не одбирајќи зборови, бугарските медиуми често ги навредуваат најсветите нешта на македонскиот народ

Виктор Цветаноски

Бугарските политичари не испуштаат ниту една можност да ги обвинат македонските новинари за антибугарска кампања и за „ширење говор на омраза“. Меѓутоа, секогаш забораваат да кажат што се' пишуваат нивните медиуми за Македонија, за невидената антимакедонска кампања што често се водеше по нечија директива, особено во периодот кога на чело на македонската држава се наоѓаше Киро Глигоров. Тогаш се слушнаа такви валкани зборови што ги уриваа достоинството, угледот и најсветите чувства на македонскиот народ.

Демократски ориентираните лица, неоптоварени со бугарско-македонските недоразбирања, не можеа да поверуваат дека јавно можат да се изрекуваат такви навреди, вулгарности и да се користи толку нецивилизиран јазик. Медиумите се натпреваруваа кој ќе измисли погрди зборови за Глигоров. Го нарекуваа „Киро Македонски“ и „последниот Самоилов војник...“ Во нападите беа вклучени сите - новинарите, политичарите, па дури и хумористите на кои Македонија им беше најподатлива тема за потсмев.

Тешко е да се наброи се' што беше изнапишано во весниците и изнакажано во телевизиските и радиоемисии. Од секој текст, од секој збор можеше да се насети невидена омраза кон постојната македонска власт и држава. Таквата антимакедонска кампања не беше случајна, туку изрежирана од некого зашто се јавуваше истовремено. Весникот „24 часа“ ја активира најголемата бомба, информирајќи ги своите читатели дека Глигоров ја заплашува Бугарија со војна, користејќи ја како повод една негова изјава дадена во Варшава дека секое прекрстување на Македонците во Срби, Грци или Бугари може да доведе до конфликти. Во коментарот насловен „Киро Македонски ѕвечка со сабјата“, весникот со невидена иронија и цинизам ќе напише: „Но, што ќе прави водачот на полкот, Киро Македонски, откако полковите ќе ја прегазат Бугарија? Се разбира, ќе ги заземе Грција и Србија, а потоа ќе се пушти во Мала Азија...“ Наредниот ден истиот весник ќе објави текст од Красимир Узунов, поранешен бугарски шпион во Македонија со наслов „Бедни, бедни Глигорове, зошто?“, обвинувајќи го македонскиот претседател дека се изживувал како последен Самоилов војник.

За да не остане подолу од својот конкурент, весникот „Труд“ истиот ден ќе заклучи дека таквите изјави на Глигоров можеле да се објаснат со фактот дека тој бил во напредна возраст и со последици од атентатот кога бил ранет во главата. Во валкањето на угледот на македонскиот претседател ќе се вклучи и „Континент“, кој ќе го спореди со Ванчо Михајлов. Според весникот, за Бугарија не било страшно, „Киро не е Ванче и Нада не е Менча“ и тој како врховен командант на македонската војска нема да ги употреби „четирите тенка за да ги нападне четирите волци што ја обиколуваат Македонија“.

Користејќи ги гласиштата за тоа дека некои луѓе на ОМО „Илинден“ најавиле формирање автономија во Пиринска Македонија, „Труд“ во еден коментар ќе запраша: „Како ќе се нарекува таа втора држава откако и првата нема име како луѓето? Што ќе стане откако јазичниот спор со Скопје автоматски ќе се пренесе и во новата држава и таму луѓето одненадеж ќе престанат да се разбираат меѓу себе и кој ќе ја признае таа втора држава ако тоа прва не го направи Бугарија? Па така, Бугарите ќе бидат единствен народ на планетата, кои истовремено ќе имаат три држави“, ќе заклучи авторот.

„Дума“, органот на социјалистите, постојано ќе ја именува Македонија со референцата БЈРМ. Весникот им предлага на бугарските власти кон неа да се однесуваат како што се однесуваат нејзините соседи и да ја признае со името БЈРМ. „Демократија“ им сугерираше на „македонските дебели глави во Бугарија“ и на бугарскиот парламентот да се помират со судбината и да го признаат македонскиот јазик како официјален државен јазик на Бугарија, зашто разликата била само во додавката „ски“, па така нивниот претседател ќе се викал Петар Стојанов наместо Петар Стојановски.

Ваквото однесување на печатот беше поттикнато можеби и од една изјава на тогашниот бугарски премиер, Иван Костов, кој рече дека Македонија водела „изветвена и примитивна надворешна политика“, која не кореспондирала со постојните европски правила, фалејќи се дека единствена сенка во новата надворешна политика на Бугарија, призната во целиот свет, бил „остарениот стереотип со кој Македонија приоѓа кон Бугарија“.

Во широката антимакедонска пропаганда најсилно се вклучи тогаш најпознатата хумористичка група „Каналето“, која секоја недела во редовните емисии постојано, на највулгарен начин, ги исмејуваше македонската држава и претседателот Глигоров. „Каналето“ директно преку националната телевизија изврши јавна промоциј�� на антимакедонството и се потврди како најголем пропагатор на бугарштината. Редовната хумористичка емисија што ја емитуваше секоја недела во вечерните часови програмски беше изменета и целосно посветена на Македонија. Надвор од вообичаената практика кога секоја емисија ја исполнуваше со хумор, оваа група овој пат реши цел еден и пол час на Бугарите да им држи сериозно предавање која е Македонија, каква е нејзината историја и што се Македонците? Дури и самиот водител во уводниот збор на гледачите и на присутните им најави да не очекуваат концертот да биде смешен „зашто многу мака се собрала во таа земја“.

„Македонија била предавана многупати, од многу луѓе, а ние не сакаме да ја предаваме. Никогаш повеќе да не ја предаваме. Ете зошто ние од ’Каналето‘ решивме да направиме романтичен концерт под наслов ’За Македонија со љубов”, ја објасни целта водителот на емисијата. „Зошто романтичен? Затоа што, како што кажа претседателот на Бугарија, господин Петар Стојанов, историјата на Македонија е дел од историјата на Бугарија. Би кажал најромантичниот дел од бугарската историја. Бугарија и Македонија имаат заедничко минато, ние сме апсолутно сигурни дека Македонија и Бугарија ќе имаат заедничка иднина, за жал сега има разединета сегашност. Но, разделени или не, Бугарија и Македонија се две чеда на една мајка“, заклучи тој.

Притоа тој нагласи дека речиси нема бугарско семејство што не е крвно сврзано со Македонија, кое нема дедо или прадедо учесник во војните за национално ослободување, дека нема бугарски град што нема македонски бегалци протерани од родните места. Затоа Македонија немала посебна историја. Нејзината историја живеела во сеќавањето на секој од нив.

Емисијата, главно, исполнета со големи патриотски пораки беше гарнирана и со по некој вулгарен виц, се разбира, на сметка на Македонија и на македонскиот претседател. Гледачите имаа можност да видат како еден од актерите врши мала нужда покрај еден зид, а неговиот колега му „сугерира” да напише „да живее Глигоров“. На широкиот бугарски аудиториум му беше понуден и „разговор“ со Сталин, во кој тој „признава“ дека заедно со Тито и Димитров, ги создале македонската држава, македонската нација и јазик.

„Каналето“ ги демонстрираше разликите на луѓето од едната и од другата страна на границата. На сцената донесоа „ски“, нагласувајќи дека во додавката „ски“ во презимињата е единствената разлики меѓу Бугарите и Македонците. „Луѓето што ја измислиле таа разлика заслужуваат тепање, но и ние сме за ќотек. Трпевме, се сообразуваме и не се спротивставивме на лагата“, се закана еден од актерите.

Творците од хумористичката група го поставија и прашањето како да ги натераат соседите од Македонија да ја уважуваат историјата кога и самите тие не ја уважуваат и како да ги натераат да разберат колку се толерантни, колку се разбрани, колку се либерални, колку сакаат да живеат во обединета Европа. Според нив, рецептот е многу прост: „Да им покажеме дека можеме да бидеме поинакви. Официјална Бугарија секогаш се држела како курва во однос на Македонија... Ако некој го има телото, не значи дека ја има и душата. Имено, поради тоа да не ги имаат нашите души ние треба да ги помниме предавништвата и да не ги повторуваме. Да ја помниме историјата и да не ја забораваме. Треба да ја знаеме вистината за Бугарија и за Македонија. Има две држави, еден народ“, ќе заклучи еден од актерите.


#
Статијата е прочитана 3079 пати.

Испрати коментар

Од: pameten
Датум: 29.10.2010 12:25:36
Chovek chesto veruva vo ovo shto saka da veruva. Ako nekoj veruva deka vo Struga nikogash nemalo Bugari, toku Makedonci, kje prochita vo pesnite sobrani od Miladinovci vo ovoj grad: “moshne mi se mili Bugarskite momi”, “Ljubiko, bela Bugarko”… kje najde deka narodni pesni za Makedonci i Makedonki se pojavile 2-3 generacii podocna, no se ovo kje si go objasni so “zabludi” ili konspiracii. Sekako mora da e jasno deka so tekot na vremeto vernicite kje stanuvat se pocvrsti… i se pomalce. Tochno e deka Ljubcho i Buchko ja izgubija narodnata ljubov koga pokazhaa deke se “bugarofili”. No za zhal, golemata cena ja plati Makedonskiot narod. Izgubivme shansi da imame strateshki EU partner. Beganjeto od Bugarskite koreni ne’ natera da gi barame kade shto tie ne se – vo antikata, a ovo znachi totalen konflikt i so Grcija. Emotivnata bugarofobija denes e tolku shtetna kolku shto bila i emotivnata bugarofilija odpred 100 godini, koga nikoj ne sakal “golema” Bugarija.
Од: Свилени Ракавици
Датум: 29.10.2010 12:44:22
Тупеа оние од Исток дека никој во МК не читал Бугарски Медиуми и викам ај малку и јас да ги следам и какви навреди и понижувања се изначитав. Особено `24часа` и `труд` па и `Сега`се ксенофобни и параноични кога се во прашање етноМакедонците. Дневник БГ е фактогравски и не се замара толку со етикетирање и навредувачки коментари може некако да се чита. Подобро не се замарајте со нив нема надеж ептен се националисти и полни со омраза кон сите што се сметаат за етнички Македонци. Нешто што сум го слушнал и лично од луѓе кон мене. Направив еден мал експеримент пишав на една тема во Дневник на македонски на тотално неврзана тема најкорекнто неспомнав ништо во врска со МК и БГ нешто за пушење тутун во Турција беше. И веднаш добив навреди и коментари за моите дедовци и за мојот јазик. А со ништо не ги изпровоцирав единствено што прочитаа на Македонски е доволно за да те пцијат и навредуваат.
Од: Христијанин
Датум: 29.10.2010 14:06:50
Поздрав до Утрински, и до целата читачка публика тука. Темава jа следам од статиja броj 1 та до сега :) Пишувам од Софиjа, но сум со македонски корени.. од Штип (по маjка) и од Егеjска (по татко). Каналето како и наследникот Слави Трифонов сум ги гледал од времето кога бев мал. Никоj од нив не може да разбере шо нема сила коjа да прави од црно бело . Човек требе да биде само каков се чуствува и никоj неможе да го однеме ова право. Но само морам да кажам дека кога има спор мегу две страни неможе да има вистина ако нема трета довелива страна со доказан светски авторитет ( коjа шо е голем дел од севтската историчка наука) има и факти има и документи кои што требе да се гледат и да не се негираат. Се разбира по политички причини се може да се менува како шо е угодно на политичарите и резултатот почти секогаш не е добар са oбичните луге.
Од: mila
Датум: 29.10.2010 14:55:24
gluposta e vo lugeto a ne vo drvata a ovoj pat e vo bugarite.
Од: venstar
Датум: 29.10.2010 15:33:22
до Свилени Ракавици Добар експеримент. Побарал ли си да направиш друг експеримент - да пишуваш на бугарски во македонски весник? Немаш шанса. Еве што вели правилникот на Утрински: 4. Се објавуваат само коментарите напишани на македонски јазик. Jас сум бугарин и се буним непомалку од навредите, што се шират кон македонците во бугарските форуми. Жално, многу жално.
Од: МЕГАЛЕКСАНДРОС КИПАРСКИ ЦРНИОТ
Датум: 29.10.2010 16:18:10
Фиљо Феличита ке реши за името. По него оти античките Македонци биле Грци а такви имало во областа Македонија тоа се Македонци ама Грци исто како Шумадинци ама Срби а ние сме само Словени а црните Грци од Кипар биле најнаследници на Александар. Hans Lotar Македонски јазол стр 50 Не сите народи имаа среќа рано да го манифестираат својот јазик Македонците имаа. Траутман вие сте од Солун а тука се зборува чисто. Значи дијалектите не беа од Црно Море или Родопи туку од Солун Македонија. Делото на браќата сеуште зрачи во Русија Бугарија Србија Хрватска.....И Турско-татарските Бугари ги озари зрак од оваа култура не само што беа асимилирани туку и јазикот го прифатија. Од Татарите им остана само името Бугари.Го вреѓаш баш словенството кај Лотар.Ти си Каравангелис. Јас велам има само Македонци како нас и тука и во Грција а ти велиш има Македонци ама Грци и Славоси. Од татко Грк и мајка Македонка. Фиљо Феличито ти ни словен не си . Ти само гркосрбобугрс школо имаш.
Од: Makedonec vo SAD
Датум: 29.10.2010 16:50:42
Dobro e shto lugjeto kako ovoj t.n. "pameten" uporno postiraat shovinisrichki komentari na napisite na Utrinski. Prvo, so toa se potvrduva demolratijata vo Makedonija I slobodata na govorot, a vtoro, site zapadni diplomati imaat uvid od prva raka kako toa izgleda negiranjeto na Makedonskiot narod od stranata na nejizinite NATO I EU sosedi
Од: VP
Датум: 29.10.2010 17:13:35
Во Бугарија се вели - глупоста не оди по шумата, а по луѓето - во овоj случај – по нас Бугарите. Но и не треба да се резимира премногу - различни луѓе гледаат различно на опишаното од авторот. Горчливата вистина е дека премногу често поради непознавање и незаинтересираност от она што се случува во Македонија - се можни секакви импровизации и глупости – за жал... Не знам не се ли случува нешто слично и од македонска страна ?
Од: karokan "gambit"
Датум: 29.10.2010 19:35:57
Pred izvesno vreme imav moznost da poglednam debatna emisija na edna albanska TV.Ne znam za koja tv stanuva zbor,no megju citatelite verojatno ima koi go znaat toj podatok (osobeno od albanskiot del od citatelite) so ogled deka vo emisijata ucestvuvase i Pretsedatelot na DPA,g-dinot Menduh Taci..Dvajca od ucesnicite vo debatata (verojatno albanski intelektualci ili politicari,seedno) zboruvaa za sozdavanje golema Albanija.Nacinot na koi tie go objasnuvaat toa e definitivno za pozdravuvanje.( Integriranje na zemjite od opkruzuvanjeto vo EU,urivanje na granicite i ete ti ne samo golema Albanija,tuku i site drugi zemji golemi).Pametno i progresivno nema sto.Vo moite oci go podignaa rejtingot na R.Albanija za 50%.Ova go naveduvam kako primer,bidejki od nasiot istocen sosed ni slucajno ne moze da se ocekuva nesto takvo,duri ni sega koga istite se clenka na EU.Ucen do prag,umen do vek-velese baba mi!!!! Zatoa i da ne Ve cudat site tie bluvanici od R.Bugarija.Strasno e sto takvite se prel
Од: ivan
Датум: 30.10.2010 00:36:30
A dali utrinski ne vidi,deka zboruva za valkana antimakedonska kampanija vo Bugarija,a toj samiot pravi valkana antibugarska kampanija sega vo Makedonija?!
Од: nacional-patriot
Датум: 30.10.2010 00:50:26
Vo sredniot vek nemalo drzava so glaven grad Atina,a takva drzava so glaven grad Atina se pojavila duri vo 19 vek.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ибарска магистрала
Фестивал на комедијата во Гевгелија
Отсега сметките ќе се плаќаат и преку банкомат
Секс-скандал со мароканска тинејџерка
Претседателе, како сте?
Бранко Наумоски стан прв човек на Уставен
Светот го гледам со срцето, не со очите
Колку сме - толку сме
Кина направи најбрз компјутер на светот
Моќта на постхумните виртуелни дуети
Шницлата на раздорот
Фросина“ домаќин на француски филмови
Во викендите се распослува алтер-егото
Гола со бебе за „Венити фер“
И Швеѓаните загрижени за нашите азиланти
Му истетовирал пенис без да знае
Иди ми, дојди ми, на кафе на „Фејсбук“ пројди ми






Nato to halve troops in Kosovo to just 5,000
Hungarian sludge catastrophe victims may not get compensation, say Greens
Belgian court awards €15,000 to asylum seeker