Број 3418  петок, 29 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Магазин
Вести








Site Meter

Филм

Иди ми, дојди ми, на кафе на „Фејсбук“ пројди ми

Хит-филмот „Социјална мрежа“ ја следи приказната за Марк Цукерберг, антисоцијалното момче што го промени светот на пријателство

Бојан Шашевски

Пред неколку недели низ светските киносали премиерно стартуваше најновото дело на Дејвид Финчер, „Социјална мрежа“, филм инспириран од еден од најпознатите светски интернет-портали за електронско другарување и комуникација, глобалниот феномен „Фејсбук“. Всушност, „Социјална мрежа“ е приказна за младо момче што поседува способност да почувствува и да погледне во системот на неограничени можности и притоа да повлече неверојатен победнички потег. Марк Цукерберг, студентот што го создаде „Фејсбук“ и стана милијардер во раните дваесетти, е нашиот допадлив антагонист и протагонист - компјутерски генијалец што е приглув во социјалните ситуации. Тој неефикасно се обидува да се справи во романсата и опкружувањето, употребувајќи чиста логика за да ја демонстрира интелектуалната ароганција.

Главниот херој го толкува Џеси Ајсенберг, познат на светските филмомани по улогите во „Зомбиленд“, „Адвенчрленд“ и „Медузата и китот“. Тој сосема одлично го портретира антисоцијалното момче што е избегнувано од девојките, неснаодливо и очајно да се вклопи со најблиската околина, без соодветно социјално орудие да се справи во овие, за него, тешки животни полиња. Марк Цукерберг ни малку не е омилен во својот кампус на универзитетот „Харвард“. Тој упорно настојува околината да го прифати, па ги тера сите студенти да му се приспособат. Откако ќе го напушти неговата девојка Ерика Олбрајт, која ја игра младата Руни Мара, Марк креира свет во свет, реалниот живот наспроти виртуелното опкружување, потенцирајќи дека, всушност, ја разбира динамиката на современите социјални односи многу подобро од „популарните“ клинци што упорно го игнорираат и одбегнуваат, истите клинци што денеска не можат да живеат без неговиот изум.

Иронијата во првиот дијалог на филмот е значителен предуслов и поставка за успех на проектот. Марк на девојката и' вели: „Не сакам пријатели“. Денеска тој има 500 милиони пријатели, барем оние виртуелните, а не е заинтересиран за дружба, пријателство. Финчер го претставува Цукерберг како генијалец што е заинтересиран исклучиво за личната корист. Тој не се двоуми дали да украде по некоја идеја или да му забие нож в грб на коосновачот на „Фејсбук“, неговиот најдобар пријател Едуардо Северин, само за да ја изгради мултиплатежната империја. Во тој сегмент е потпомогнат од Шон Паркер, односно од ликот на популарниот пејач Џастин Тимберлејк, коосновач на сервисот за споделување на музички фајлови „Напстер“.

Но, Марк Цукенберг, или од многумина нарекуван „Сатана“, поради мислењата дека им го промени животот на милиони луѓе низ светот, нивните рутини и самата проекција за друштвените односи, можеби не треба да претставува негативен лик. Помалку или повеќе, тој во филмот е бизнисмен, слика и прилика на успешен бизнисмен. Потезите понекогаш се морално одбивни, но импулсивноста и сопствените убедувања се крајна цел. Успехот се темели на фактот што најпопуларната социјална мрежа на светот ја направи еден прилично антисоцијален тип.

Инаку, сценариото го напиша познатиот театарски и филмски сценарист Ерон Соркин, кој вели дека најмногу го заинтригирале бројните и спротивставените верзии на вистината. „Емоциите во приказната се менуваат додека таа се развива. Не мислам дека овој филм е драма, можеби најблиско нешто е судска драма, кога на почетокот сме сигурни за нечија праведност или вина, но како што тече процесот го менуваме мислењето. Марк е антихерој во првиот час и 55 минути од филмот, а последните пет минути станува трагичен херој, што значи дека ја платил цената и сега се кае. Сценариото е фер за сите страни во аргументот“, рече Соркин.

Главниот актер Ајзенберг, пак, смета: „Треба да се има на ум дека ’Социјална мрежа‘ е една драматизирана верзија на настани, олицетворение на човечките односи и друштвената организација, но тука воопшто не станува збор за документарен материјал. Во филмот е претставено момче што очајно бара интеракција и зближување со околината, а нема соодветна социјална алатка за да пристапи кон проблемот. Затоа, тој ја измислува оваа алатка и се чувствува комотно со неа. Како резултат на ова, 500 милиони други луѓе се чувствуваат комотно кога ја користат алатката за дружење и комуникација. Ова е една комплицирана, но фасцинантна улога. Иако на моменти Марк реагира на начин што може да биде навредлив за другите, во финишот на филмот неговите постапки се сосема разбирливи“.

По четири недели прикажување „Социјална мрежа“ заработи повеќе од 70 милиони долари.

Критиката го поддржува целиот филмски концепт на Финчер, дури некои од нив тврдат дека е претендент и за статуетката „Оскар“. Секако, потенцијалите на делото доаѓаат и од самиот феномен „Фејсбук“, просторот за електронска социјализација, новиот поредок на тврдењето „Има лице, нема образ“. Неговите милионски корисници сигурно ќе се решат да погледнат. Се' на се', ова е безвременска приказна за лојалноста, пријателството, алчноста и предавството, спакувано како дефиниција за новите генерации и нивните секојдневни активности.

Марк Цукерберг е роден во Вајт Плејнс, Њујорк, на 14 мај 1984 година. Одгледан е од неговата мајка Карен, психијатар, татко му Едвард, забар, заедно со неговите три сестри во Добс Фери, Њујорк. Почнал со програмирање кога бил во средно училиште. Во почетокот тој уживал во развивањето компјутерски програми, особено алатки за комуникација и игри. Учел во гимназијата „Ардсли“ каде што бил најдобар во класот, па набрзо бил префрлен во академијата „Филипс Ексетер“. Пред да оди на универзитетот „Харвард“, Марк дизајнирал и програмирал компјутерски апликациски систем за да им помогне на работниците во фирмата на татко му, направил своја верзија на играта „Риск“, а креирал и музички плеер „Синапс медија плеер“, кој користи вештачка интелигенција за да се приспособи на потребите на слушателите. Исто така, Марк одбил да соработува со компании, како што се „Мајкрософт“ и АОЛ. Тој не се смета за хакер, туку, како што кажува самиот: „Не треба да се плашите и да влезете во некој систем се' додека се обидуваш да ги направиш подобри и пофункционални “.

Бидејќи е далтонист за зелено-црвено, најживописна му е сината боја на „Фејсбук“.

„Бубалицата“, кој го начна концептот за социјалниот сајт, се потеше пред и по премиерата на филмот, постојано велејќи дека Холивуд убаво ја „осакатил“ неговата животна приказна и карактерот. Единствено Марк рече дека филмаџиите му ја погодиле облеката што ја носел во студентските денови. Плашејќи се дека јавноста бурно ќе реагира откако ќе го погледне „Социјална мрежа“, притрча во емисијата на Опра Винфри да се оправда и да каже еден-два збора за сопствените вредности, мирниот и „скромен“ живот, а притоа не заборави да го прикаже и својот дом. Неговото моментно богатство се проценува на 6.900.000.000 долари. Инаку, најмладиот милијардер на светот не сакаше да соработува во креирањето на филмот.


#
Статијата е прочитана 1023 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Македонско-бугарски историски контроверзии (17)
Ибарска магистрала
Фестивал на комедијата во Гевгелија
Отсега сметките ќе се плаќаат и преку банкомат
Секс-скандал со мароканска тинејџерка
Претседателе, како сте?
Бранко Наумоски стан прв човек на Уставен
Светот го гледам со срцето, не со очите
Колку сме - толку сме
Кина направи најбрз компјутер на светот
Моќта на постхумните виртуелни дуети
Шницлата на раздорот
Фросина“ домаќин на француски филмови
Во викендите се распослува алтер-егото
Гола со бебе за „Венити фер“
И Швеѓаните загрижени за нашите азиланти
Му истетовирал пенис без да знае






Election campaign kicks off in Moldova
Albanian leader in Macedonia at centre of collaboration row
EU's 'Danube strategy' aims to double salaries