НЛБ Тутунска банка се докапитализира со 10,8 милиони евра
НЛБ Тутунска банка се докапитализира со нов капитал во висина од 10,8 милиони евра, односно 660.788.200 денари. Од банката информираат дека со реализација на 14. емисија на хартии од вредност биле запишани и уплатени 68.440 новоиздадени обични акции. Докапитализацијата ја изврши Нова љубљанска банка од Љубљана, по што учеството на Групацијата НЛБ во капиталот на банката се зголеми на 86,97 проценти. Средствата од докапитализацијата се наменети за поддршка на динамичниот раст на банката, за поддршка на кредитирањето и за одржување оптимална капитална адекватност. Заклучно со август 2008 година, активата на банката е зголемена за 14 отсто и изнесува 789 милиони евра, додека кредитирањето е зголемено за 22 процента.
Со докапитализацијата вкупниот капитал на банката се зголеми на 62 милиона евра, додека гарантниот капитал се зголеми на 85,8 милиони евра, информираат од НЛБ Тутунска банка. (Ек.Р.) |